Долгогодишната опседнатост на жените со долги и густи трепки е многу разбирлива- очите рефлектираат повеќе светлина, изгледаат покрупно и привлекуваат внимание. Еве ги најголемите вистини и заблуди што треба да ги знаете кога станува збор за маскарата.
- Најдобро е да употребувате повеќенаменска маскара која ги дефинира и продолжува трепките.
Вистина: Многу е подобро да купите маскара за една специфична намена. Составот на маскарата е обично таков што еден квалитет се жртвува на сметка на друг, па затоа шминкерите нанесуваат неколку слоеви различни маскари за да се постигне посакуваниот резултат.
- Жените со руса коса треба да користат кафеава маскара.
Вистина: Сите жени треба да користат црна маскара, а особено русокосите. Целта на маскарата е да го истакне обликот на очите и да ги дефинира трепките. Нејзините ефекти треба да бидат видливи.
- Пред употреба на маскара, треба неколку пати да ја ставите и извадите четкичката од тубата за да фатите поголема количина.
Вистина: Ако го правите ова, на четкичката ќе се насобе премногу маскара која брзо ќе се исуши. Освен тоа, на трепките ќе се направат грутчиња.
- Не треба да се нанесува маскара на долните трепки
Вистина: Секогаш ставајте маскара на долните трепки, особено кога сакате да постигнете “smokey” изглед. Но, внимавајте трепките да не се залепат.
- Нанесувајте маскара на крајот од шминкањето
Вистина: Шминкерите советуваат нанесување еден слој на маскара пред да ставите сенка и коректор, а потоа уште еден при крајот на шминкањето. Првиот слој ги дефинира трепките, а со вториот се нагласува бојата.