Прочитајте што велат ѕвездите за следнава недела.

1

Овен

Иако се наоѓате во мирен период, ви претстои креативна недела со многу друштвени излегувања. Сакате да ги споделувате вашите мисли и интереси со некој сличен на вас, па ова е добро време емотивно да се поврзете. Она што го работите конечно ќе ви се исплати.

Бик

Период поволен за да се посветите на семејството, но и на некоја промена во однос на работата кадеќе ви се отворат нови можности. Поволен период и за да помогнете на оние кои ќе се најдат во неволја. Постои некој пријател чиј пример се трудите да го следите.

Близнаци

Оваа недела ќе примите многу нови вести и ќе стекнете знаење за многу нови работи. На вашите идеи ќе можете да им пристапите разумно, а не е исклучено и да побарате помош од некој поискусен од вас. Одлично време и за некое кратко патување.

Рак

Ѕвездите ви се наклонети во однос на финансиите, па вистинско време е да се обидете со игри на среќа или да го проширите полето на заработка. Сконцентрирани сте на духовната визија и вашите соништа и идни планови, но внимавајте да не се разочарате. Посветете се на работи кои ви носат лесен успех, наместо да губите време на непотребни ситници.

Лав

Недела полна со оптимизам и енергија и вистинско време да покажете што умеете. Постои можност за отворање на хоризонтите и запознавање нови пријатели, особено ако патувате некаде. Внимавајте со финансиите и не заборавајте дека не зависи сè од вас- некогаш ви треба помош.

Девица

Би требало конечно да ги завршите работите кои останале недовршени за да оставите простор за нови идеи. Стапете во контакт со луѓе кои се авторитет во полето за кое се интересирате и ќе научите многу повеќе, особено ако тоа е поврзано со некој работен проект. Очекувајте успех.

Вага

Оваа недела ќе ја започнете со некоја тешка ситуација која ќе ви го помести ритамот. Вие сте силни и мотивирани личности, но луѓето не се однесуваат секогаш добро со вас. Избегнувајте ги негативните ситуации и посветете го времето на други нешта. Можно е за вас да се заинтересира некој со кој работите и кој и вам ви се допаѓа, па овој период е поволен за љубов.

Скорпија

Следува романтичен период и време кога мислите и чувствата ќе ги покажете преку некоја уметност: музика или сликарство. Ќе уживате во друштво на некој со кој имате слични размислувања. На работа ќе доживеете успех, а ќе се инспирирате од најблиските.

Стрелец

Ќе имате многу возбудлива недела во која ќе ви се случат серија интересни настани. Ќе имате многу креативни откритија нови идеи на полето на интелектуалниот живот, како и во работата. Убаво би било да се најдете во друштво со луѓе со алтернативен поглед кон светот.

Јарец

Оваа недела е време на споделување, било да е со вашиот партнер или пак пријателите. Време е да се отворите кон нив и да ги искажете скриените чувства. Така ќе ја ослободите вашата креативност и ќе ја зголемите самодовербата. По периодот на затвореност, конечно ќе научите да ги искажувате скриените желби.

Водолија

Период резервиран за забава и запознавање нови луѓе кои ќе ве инспирираат. Можно е да примите убава вест од некој стар познаник или повторно да го обновите пријателството. Сепак, бидете внимателни кому му се поверувате.

Риби

Вие живеете во сегашноста и уживате во друштво на интересни и креативни поединци. Во љубовта нема да имате проблеми неделава. На работа успешно ќе завршите некој важен проект и ќе постигнете финансиски напредок.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСпектар од венчаници на вториот „ The Bridal Fashion Night“
Следна објаваЛондонска улична мода
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ