0000

Flask and the Press“ е потполно неочекуван угостителски двоец, кој го надградува традиционалниот концепт за точилница. Во сосема обичниот сендвич бар, позади стариот автомат на познатиот пијалок Кока Кола, сместен е интимен модерен салон кој потсетува на американските скриени барови за време на прохибицијата. Сендвич барот и салонот заедно делуваат како спротивставување на светлината и темнината, елеганцијата и дивоста, приватноста и игривоста. Alberto Caiola e името на италијанскиот дизајнер кој ја добил задачата да направи ваква скриена точилница во самиот центар на Шангај. Концептот е поделен на два дела – „The Press“ e сендвич барот во кој преовладуваат светли тонови, неонско осветлување и полиран минималистички мебел, како контраст на грубите бетонски ѕидови и асиметричниот плафон. Средишниот дел на просторот го завзема автоматот на Кока Кола, кој пак го открива мистериозниот премин во другиот дел од барот, опкружен со придушено ЛЕД осветлување и огромни 25 литарски боци во кои некогаш се чувало виски. Тој дел од барот, за кој имате впечаток дека е нереален и дека сте се вратиле во минатото, сега го нарекуваат „Flask“. Сендвич барот/салонот со сигурност е најтаинственото место каде можете да испиете добра чашка виски.

0001

0002

0003

0004

0005

0006

0007

0008

0009

0010

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтолици на високи потпетици
Следна објаваНаш предлог филм | La Cara Oculta
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ