За време на есента и зимата ,на светските модни писти, освен модните трендови за облека, најавени се и тенденциите на убавина за 2015 година. Први ги прифатија познатите личности кои веднаш по манекенките на ревиите, прошетаа по црвениот тепих, нашминкани и стилизирани токму така, како што предлагаа познатите светски шминкери.
Портокаловиот руж за усни. Природна боја (nude)  се излезени од мода а силните бои, завалдеаја со модната сцена. Портокаловиот, прва го прифати Ријана ,која одлично и стои со тенот.
Rihanna_2815307_BestEyeCandyCOM-300x432
Влажен изглед-Духот на 80 тите, се провлече во новата тенденција за 2015 и оживува во овој стајлинг на влажна коса, како штотуку да сте излегле од вода. Косата залижана наназад,зацврстена со гел,многу елегантана и се совпаѓа со свечено одело или фустан.
Rosie_Huntington-Whiteley_2395694_BestEyeCandyCOM-300x389
Синиот ајлајнер или моливче за очи, овој тренд е лансиран летото лани, но, никако не поминува. Очигледно е дека многу им се допадна на познатите личности анајмногу го употребува Lupita Njongo. Бојата треба да биде интензивно сина-тиркизна, електрик, индиго, важно е да е впечатлива.
1360297-lupita-nyong-o-attends-the-20th-annual-950x0-1-300x451 (1)
Трендот на зачадени очи, не излага од мода со тоа што сега бронзената е главната боја. Трендот го прифати и Кара Делевин. Сенката се нанесува и под долниот капак, така да, се има впечаток на поглед кој не можете да го допрете.
Cara-Delevingne-300x400
Розе руж.но пак во силна боја. Се препорачува нијанса на фуксија, повеќе или помалку интензивна во зависност од тенот. Кира Најтли ја има посветлата нијанса.
Keira_Knightley_2901811_BestEyeCandyCOM-300x450
Дискретно руменило, за дамите кои сепак сакаат повеќе дискретна шминка како Бар Рафаели. Овој руж им прилега на посветлите тенови. Основата е сјаен, безпрекорен тен, со руменило во нијанси на кајсија која на образите им дава свежина.
Bar_Refaeli_2019617_BestEyeCandyCOM-300x349
Бидете креативни и не заборавајте секогаш да се смеете!
СПОДЕЛИ
Претходна објава1000 шолји – една животна приказна
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (19.01 – 24.01)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ