0001

Самечкиот живот не е за секого, но оние на кои тоа им одговара, имаат единствена можност да создадат простор кој во целост е нивен. Во овој стан со површина од 47 метри квадратни, дизајнерите креирале пријатен амбиент за сите дневни активности на млада личност која живее сама. Од малата трпезарија која наутро е опсипана со сончева светлина, па се’ до удобниот кауч за мирен сон, секој простор е паметно искористен, а со минималистичкиот концепт ентериерот изгледа многу поголем отколку што навистина е. Дневниот престој и кујната се еден отворен простор, кој исто така е поврзан со сончевата трпезарија. Иако е воочлива палетата со живи тонови во лимон жолта и зелена боја, сепак користени се умерено, додека неутралните нијанси, како што се мекиот сив кауч и белите ѕидови од тули, овозможуваат да се создаде пространа и отворена атмосфера. Со изобилството вградени шкафчиња, во кујната има доволно место за скривање на сите неопходни кујнски апарати, додека светло зелената позадина и дава дополнителна димензија. Нискиот бар за појадок го олеснува брзиот оброк, гледајќи ги утринските вести на телевизорот монтиран на ѕидот. Животен простор со впечатлив стил и многу вкус – би живееле ли во него? Инспирирајте се од убавите идеи кои ги открива секое катче.

0002

0003

0004

0005

0006

0007

0008

0009

0010

0011

0012

0013

0014

0015

0016

0017

0018

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЉубовен танц во Градот на љубовта
Следна објаваIKEA: Прекрасно секојдневие
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ