Веќе Ви претставивме седум неверојатни замоци кои се неми сведоци за важни историски настани и доказ за неверојатните архитекти и градители од минатото. Доколку не успеавте да го пронајдете Вашиот омилен замок од претходно претставените седум, денес Ви претставуваме уште седум неверојатни замоци. Уживајте.

1. Замокот Шамбор, Лоара, Франција

41
Овој замок е изграден во XVI век како дом на кралот Франсоа I. Замокот останал напуштен по Француската револуција, а за време на Втората светска војна овој замок бил складиште за разни уметнички дела од Лувр и други музеи и галерии.

2. Замокот Нојшванштајн, Баварија, Германија

42
Со цел да најде засолниште и да се повлече од јавниот живот, Лудвиг Втори од Баварија го изградил овој екстравагантен замок во 1868 година. Седум недели по неговата смрт во 1886 година, замокот бил отворен за посетители и оттогаш е еден од најпосетуваните замоци во Европа. Овој замок е инспирација за замокот на Заспаната убавица во Дизниленд.

3. Гнездо на ластовиците, Крим, Украина

43
„Гнездо на ластовиците“ е необичен дворец кој е изграден кон крајот на XIX век, на југот во Крим, Украина. Лоциран на крајот од една карпа над морето, замокот е симбол за јужниот брег на Украина, како и една од најпосетуваните туристички локации во овој дел од поранешниот Советски Сојуз.

4. Замокот Линдисфарн, Светиот остров, Англија

44
Ова е прекрасен средновековен англиски замок кој се наоѓа на врвот на еден рид. Во минатото често бил цел на напад од страна на Шкотска, а денес е „нападнат“ од страна на многубројни туристи.

5. Замокот Валзин, Белгија

46
Гордо издигнат на карпите свртен кон брзата река, помалку заборавен но сепак вреден и достоен да се најде на листата од неверојатни замоци.

6. Бург Лихтенштајн, Австрија

47
Изграден во XII век, овој замок подоцна бил уништен од отоманските освојувачи и повторно изграден во 1884 година. Оттогаш е место за снимање на многу филмови, вклучувајќи го и „Тројцата мускетари“.

7. Замокот Рошпот, Франција

48
Ова е волшебен замок, сместен на карпест врв. Од XIII век тој е дом на лордови и витези. За време на Француската револуција замокот бил речиси целосно уништен, но набрзо бил реставриран.

Погледнете и Неверојатни замоци – I дел.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМини дом во Лондон
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (12.01 – 17.01)
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ