Замоците се сведоштва за добрите архитекти од минатото како и за добрите градители. Некои замоци изгледаат толку неверојатно што е тешко да се поверува дека се изградени од човечка рака без сета машинерија која е дел од градежништвото денес. Освен што замоците биле знак за луксуз, тие биле и практични, односно служеле како тврдини за време на војните. Ви претставуваме седум познати замоци кои дефинитивно го заслужуваат Вашето внимание.

1. Замокот Сталкер, Шкотска

21
Овој замок е изграден на остров во езерото Linnhe во 1320 година. Во одредени периоди од годината е тешко да се дојде до него, но она што овој замок го нуди е вредно да се посети. Замокот е познат и по тоа што се појавува во филмот „Монти Пајтон и Светиот Грал“.

2. Замокот Дунотар, Шкотска

2102
Овој замок е сместен на работ на Северното Море и повеќе од 1000 години служел како бастион на Шкотска против Викинзите. Во овие ѕидови бил сместен кралскиот накит на Шкотска и така бил заштитен од Англичаните и спасен од уништување.

3. Замокот Св.Ангела, Рим, Италија

23
Овој замок бил изграден во 123 година како мавзолеј на римскиот император Адријан, а во 14-от век бил претворен во голема тврдина и највисока градба во Рим, од страна на папството кои го контролирале целиот град во тоа време.

4. Замокот Хохенцолерн, Германија

24
Овој замок се наоѓа на врвот на истоимената планина, на повеќе од 2 800 метри надморска височина. Некогаш оваа тврдина била седиште на германските цареви.

5. Замокот Лихтенштајн, Германија

25
За овој замок веќе заклучивме дека изгледа како од бајка. Во својата долга историја замокот два пати бил уништуван, но за среќa повторно бил обновуван.

6. Замокот Предјама, Словенија

26
Како седиште на Erazem Lueger, баронот и крадецот кој го предводел бунтот против авцтрискиот император, овој замок има богата историја. Вграден во природен лак, замокот бил непробоен за време на опсада со таен тунел.

7.Замокот Шијон, Швајцарија

27
Овој островски замок се наоѓа кај Женевското Езеро. Се состои од 100 независни објекти кои се споени во денешната градба, т.н. „крпеница“ замок. Најраните делови од замокот датираат од 1005 година.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМода за мажи во 2015
Следна објаваМатилда не е сама | Sue Blackwell
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ