Светките како моден тренд не се резервирани само за празничните прослави, туку и за преку ден, за вечерни изглегувања и разни други прилики. Изгледаат елегантно и гламурозно, но во исто време и шик и забавно. Погледнете како сами да си направите маникир на црна основа со златни светки.

1

1. Нанесете еден слој безбоен лак како основа.

2. Налакирајте ги ноктите со црн лак и почекајте 2 минути, па нанесете уште еден слој.

3. Откако лакот убаво ќе се исуши, на на различни места од сунѓерче за шминка ставете неколку капки златен лак.

4. Сунѓерчето внимателно натапкајте го на ноктите. Почнете од врвот на ноктот (таму треба да има најмногу лак), па продолжете со помалку лак надолу за да добиете омбре-ефект. Почекајте да се исуши.

5. Ставете еден слој светки врз златниот лак. На долниот дел од ноктот нанесете тенок слој и продолжете со подебели слоеви накај врвовите. Оставете убаво да се исуши.

6. Завршете со еден слој безбоен лак за долготрајност.

Еве уште неколку предлози за светкав маникир. Инспирирајте се!

4

6

3

7

5

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМатилда не е сама | Sue Blackwell
Следна објаваПредлог за боемски стил
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ