Вистинската магија настанува кога луѓето во својата работа вдахнуваат живот и го посветуваат не само времето, туку и самите себе си во она што го прават. Архитектурата е толку богата, раскошна и некарактеристична за секое мало ќоше на Земјата.

Ретки се оние кои им даваат живот на нештата. Италијанскиот уметник  Giuliano Mauri создаде катедрала која дише. „Cattedrale Vegetale“, или Катедралата од дрва, е вистинскиот доказ за тоа дека човековата архитектура и онаа на природата не треба постојано да војуваат, туку напротив, треба да се надополнуваат една со друга.

Користејќи единствено дрва, тој направи хоризонтални рамки кои ги поврза создавајќи столбови, кои завршуваат раскошно со извиени продолжетоци. Во рамките посади дрва и по неколку години се доби величенствена готска катедрала на природата, раскошна и совршена. Типична готска, а сепак толку различна.

За жал, Mauri почина во 2009 и не го виде своето дело во својот сегашен облик. Но сепак, тоа е така со природата. Ова дело нема никогаш да биде завршено, туку се повеќе и повеќе ќе се менува, прво низ годишните времиња, заедно со времето…

0001

0004

0005

0006

 

 

0007

0008

0009

0010

0011

 

0012

0013

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКоја е Бонд девојката над 50-тата година?
Следна објаваГордост и предрасуди – Џејн Остин
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР