Taa требаше да наполни 50 години,за да ја добие улогата на Бонд девојка во новиот филм за најпознатиот таен агент на светот ,Џејмс Бонд  или 007.Сега е најстарата Бонд  девојка. Досега, таа титула најстара ,ја имаше Онор Блекман која во 1964 год. во својата 40 год. го играше ликот на Пуси Галор во филмот “Goldfinger”.

Иако за прв пат ќе се појави во еден филм за Џејмс Бонд, Моника била во најтесниот избор за улогата на Парис Карвер во филмот  “Tomorrow Never Dies” од 1997 год. Улогата сепак  ja добила Тери Хачер.

im

Во 24-тиот филм за Џејмс Бонд, со наслов Spectre,Моника ќе го игра  ликот на  Lucie Sciarre. Втората Бондова девојка во филмот е Леа Сејдукс (29).

Oвој филм ќе биде снимен на неколку локации во светот на Алпите во Австрија, Лондон, Мексико Сити и Мароко, а главниот лик на најпознатиот  агент, по четврти пат ќе го игра 46-годишниот Даниел Грег.

im (1)

Друштво повторно ќе му прават Ралф Фајнц, Наоми Харис, Рори Кинер, додека за прв пат ќе му се придружат Ендрју Скот, Леа Сејдукс и Кристоф Волц.

Премиерата на филмот би требало да биде на 23 септември 2015 година во Англија.

СПОДЕЛИ
Претходна објава3 работи кои мора да престанете да ги одложувате
Следна објаваГотската катедрала која дише
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР