Ладното време носи монотонија, неволност и мрзеливост.

Зошто да не „тркнеме“ до Минхен?

Баварскиот крал дефинитивно има многу да понуди, за оние кои патуваат сами, за оние кои патуваат во друштво. За сите млади и за сите оние кои се чувствуваат така.

Убавината на Минхен е тоа што е реален и принципиелен. Без глума. Причина повеќе да го подготвите својот голем камперски ранец и да се упатите кон прекрасната Баварија.

Прва причина: Englischer Garten (Англиската градина).

01

Градина на која њујоркчанецот Central Park гледа со завист.

Зборувајќи за светско  ниво, Минхен располага со најголемиот урбан зелен простор. Белите дробови на Минхен, именувани во чест на Англичанецот кои ги дизајнирал, нудат за секого по нешто, типизирано за Минхен. Тука е кулата во кинески стил, распространетоста и строгоста во формите потсеќаат на оние долги кралски прошетки за размислување, а постојат и посебни места каде е дозволено нудистичко сончање. Секако, ослободување на либидото до тој степен е само за оние кои ќе го посетат баварскиот крал во топлите месеци.

02

03

04

Втора причина: Сурфање на Исар.

05

Само за храбрите авантуристи. Ќе треба единствено да си земете своја штица. Во северо-источниот дел на Англиската градина тече немирно реката Исар, што е идеално за сите зависници од адреналин кои често си ја пробуваат среќата и за време на ниските температури.

06

07

Трета причина: Кралските резиденции.

08

Во срцето на градот е домот на Баварските кралови, кнезови и политичари стар стотици години. Во Антиквариумот можете да видите стотици ренесансни статуи помеѓу воодушевувачките фрески кои танцуваат по ѕидовите.

Четврта причина: Alte Pinakothek.

10

Еден од најубавите европски музеи каде можете да погледнете дела на Рембрант, Леонардо, Рафаел, Тицијан и Ел Греко.

11

Петта причина: Пиво.

Германија не може без пиво. Минхен не може без пиво. И тоа не мора да биде октомври.

12

Сте се излажале ако мислите дека Минхен живее единствено за Октоберфест. Пивото е тука заштитен знак и срдечно ги поканува туристите во пивници, каде има многу дружење, многу месо и многу пиво. Атмосферата е толку добра, што и да одите сами ќе си поминете неверојатно и ќе запознаете многу нови луѓе, со многу различни приказни, но ист план како Вашиот – да си поминете неверојатно.

13

Или како што би рекле Германците: Zum Wohl! 

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР