Од пепелот- птица феникс, а  од сивото секојдневие до творечкиот вознес-новата кафе-книжарница ФЕНИКС.

В понеделник (29 декември 2014)  во 12.00 часот ќе биде отворена новата Кафе-книжарница Феникс, што се наоѓа на ул. ,,Костурски Херои”  бр.35 (во непосредна близина на Универзалната сала).

Настап ќе има младиот поет Филип Димкоски, кој ќе се претстави со поезија од неговата стихозбирка ,,Божилак на исконот”, a за него ќе зборува писателката, проф. Славка Арсова.

На настанот ќе бидат соопштени и добитниците на Меѓународната награда Ана Франк, која ја доделуваат Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент.

Писателот Христо Петрески, сопственик на Издавачката куќа Феникс, ги поканува сите вљубеници во уметноста и книгата, на оваа предновогодишна дружба, а најави и  изненадувања за присутните.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБожиќ на едно куче | Peter Thorpe
Следна објава10 начини како да ги искористите вашите стари цедиња
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ