Ако бидеме најреални и најклише расположени – ќе си признаеме под мустаќ дека ова време од годината секогаш се смета за „најинспиративно, најветувачко и најосвестувачко“ во поглед на планови за славење, новогодишни резолуции, полагање заклетва кон себе дека од следната година повеќе ќе внимавате на здравјето, линијата, односите со блиските. Уште пореално, ќе си признаеме дека и самите сме дел од куповниот хаос кој прави да се однесуваме како жртви пред апокалипса, како да нема утре и како на утрото на 1ви јануари 2015 година, паричниците ќе ни простат за сите будалштини во декември.

Време е за опуштање, време е за посветување доволно време на себе и на оние кои ги сакаме – во интимно друштво, во добра атмосфера… време е за добар ручек, пријатна музика и релаксирачка атмосфера. Ако во целиот распоред успеавте да најдете време за себе, да украдете нишка посвета на книгите; тогаш, погледнете ја нашата програма откако ги истраживме активностите на нашите книжарници. Како што претпоставувате: многу попусти, многу изненадувања. Фестивали и саеми, дружења и книжевен шопинг. На крајот на краиштата, никогаш нема да згрешите со книга како подарок. Постои едно тврдење според кое нема ништо лошо во непрочитаните библиотеки… напротив, таму е најубаво. Особено ако Ви се дома.

Среќни книжевни празници!

Зимскиот фестивал на книгата, најпознатиот настан на издавачки центар Три – „време на подарување и споделување – а нема ништо подобро од книга под елка, или уште подобро, пакетче книги под елка“, велат од Три. Супер попуст, пакетчиња книги, куп средби со вашите омилени автори и плус изненадувања ни’ најавуваат навистина активна зима…

2

Подарок за Нова година за саканиот, саканата, мама и тато, баба и дедо, дада и бато“ – порачува Арс Либрис… Многу подароци, многу дилеми. Но, многу добро знаеме дека кога е книга во прашање, најчесто нема утка. Новогодишните попусти на Литература.мк се во тек! Одберете книга за подарок за најмилите или за себе:

3

Магор book cafе започнувајќи од 24ти декември, па се’ до 14ти јануари ги отвора вратите за дружење и попусти. Ако не Ви паѓа на памет совршено место за дружење со книгата, придружено со добра музика и кафе – тогаш, Ви препорачуваме оваа зима да се згреете со нивното расположение!

4

Темплум, Блесок, Кликер, Бегемот, Слово, Сигма Прес, Галикул, Фабрика књига… местото каде што треба да бидете е ГЕМ клубот, во Стара чаршија. Започнувајќи од5. 23 – 27 декември 2014 на оваа локација се одржува Мал Новогодишен Саем на книги. Програмата, погледнете ја во прилог.

ПРОГРАМА

Среда, 24.12., 20 часот

Стажирајќи за светец – за ликот и делото на Игор Исаковски (1970-2014)

Во разговорот учествуваат: Елизабета Шелева, Никола Гелевски, Ана Мартиновска, Ѓоко Здравески, Петрит Сарачини, Јовица Ивановски…

Четврток, 25.12., 20 часот

Промоција на книгата „Тотемски жртви“ од Љупчо Јованов

Петок, 26.12., 20 часот

Промоција на книгата „Името на злото“ од Мирослав Грчев

Промотор: Бранко Тричковски

Сабота, 27.12., 12 часот

Доделување на наградата „Новите!“ за 2014 година

Сабота, 27.12., 20 часот

Нели ви е полесно така – нешто да славите мртво? (читање песни на Игор Исаковски)

Учествуваат: Јовица Ивановски, Џабир Дерала, Румена Бужаровска, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески…

Работно време (од вторник до сабота): од 11 до 21 часот.

1

По повод 25тиот роденден, новогодишен попуст од 25% на сите изданија на Табернакул почнувајќи од завчера, па се’ до 14. јануари следната година. Нови и постари изданија, сите од нив застапени на едно место… се гледаме во Табернакул, најкултното место за книги некогаш познато на Македонија.

6

Од Матица повторно ветуваат убави спомени од Булеварот на книгите, врзан за преминот од 2014 во 2015 година… „сеќавањата ја имаат силата на животот, а животот ја има бојата на сеќавањата“, под нивното мото – ПОДАРИ КНИГА „а… љубовта своја, запиши ја на втората страница“. Дали веќе имате на ум што ќе подарите оваа зима?

7

И оваа година, по петти пат, јубилеен за ИЛИ-ИЛИ книжарница одлучува да ги задоволи Вашите благородни читателски потреби и затоа НОВОГОДИШЕН КНИЖЕВЕН ОГНОМЕТ како и секогаш, традиционално го започнуваат од четврток (25.12.2014), а празничниот попуст ќе трае до сабота, 10.01.2015. Како и претходните, и оваа година книгите на ИЛИ-ИЛИ ќе може да ги купите со фантастични попусти од -20% до -70%. Сето ова се надоврзува на месецот кога ИЛИ-ИЛИ го прославува своето 10-годишно постоење како издавачка куќа. Правец во ИЛИ-ИЛИ, толку имаме да Ви порачаме.

8

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобрите 10 песни за 2014 според Billboard
Следна објаваПоткровје од 69 метри квадратни
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ