Од празнични филмови никогаш доста! За време на празничните денови сите сакаме да изгледаме барем една новогодишна приказна, за романтична љубов, пријателство, интересен зимски одмор и сите останати зимски теми. Бидејќи повеќето познати празнични филмови скоро сите ги имаме гледано, решивме да ви предложиме 5 божиќни филмови кои иако се помалку познати, не се помалку вредни за гледање.

“Miracle on 34th street”

1

Листата ја започнуваме со црно-бела комедија во режија на George Seaton. Дејството се одвива на Божиќ во стоковната куќа Macy’s во Њујорк, каде неодамна се вработил еден старец кој тврди дека е Дедо Мраз. Филмот е снимен во 1947 година и важи за еден од најубавите божиќни класици.

“White Christmas”

2

Филмот првпат е прикажан во 1954 година. Главните улоги ги толкуваат Bing Crosby и Danny Kaye, а автор на музиката е Irving Berlin кој ја напишал познатата нумера “White Christmas” токму за овој филм. Прогласен за најуспешен филм во 1954та година. Задолжителен за сите љубители на вистинските класици.

“It’s a wonderful life”

3

Вистински филмски класик за вистинска празнична атмосфера во режија на Frank Capra, соJames Stewart во главната улога. Главниот лик е човек кој притиснат од секојдневните проблеми, е на раб на самоубиство токму на Божиќ. Но, се појавува неговиот ангел-чувар и…

“Holiday Inn”

4

Американски филмски мјузикл од 1942 година. Автор на музиката е повторно легендарниот Irving Berlin, кој освен музиката, ја дал и основната идеја за заплетот- ноќен клуб кој работи само за празници. Филмот доживеа огромен успех, а по него е добиено и името на познатиот ланец на хотели Holiday Inn.

“Meet me in St. Louis”

5

Уште еден филмски мјузикл, овојпат во режија на Vincente Minnelli, со Judy Garland во главната улога. Дејството се одвива во градот St. Louis во 1904 година, за време на една светска изложба во тој град. Подоцна филмот стекнал репутација на еден од најдобрите мјузикли во светот. Песните изведени во филмот-  “The Trolley Song” и “Have Yourself a Merry Little Christmas” и ден денес се слушани.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПразнична магија низ светот
Следна објаваБожиќни ангели од Victoria’s Secret
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ