Нема да можете да се одлепите од каучот и да престанете да гледате епизода по епизода зашто сите се на „Pickbox, регионалната интернет телевизија достапна и во Македонија.

Куќа од карти (House of cards) е серија со која доминира надменоста спакувана во љубезна формалност на опасно амбициозниот политичар Френк Андервуд.

Во макијавелистичката приказна за преземање позиции и за одмерување сили и моќ, двократниот оскаровец Кевин Спејси го игра Френк Андервуд, а Робин Рајт – неговата сопруга Клер. Тие се брачна двојка која е премачкан со сите бои, а сите одлуки и постапки ги оправдуваат со дејствување за општо добро. Кевин Спејси и Робин Рајт се брилијантни во нивните улоги и не можеме да престанеме да ги гледаме колку и да ни се гади од ставовите на нивните ликови.

Френк Андервуд на Кевин Спејси е, едноставно, неодолив. Во неколку мига во серијата се чини дека е втеран в ќош и дека веќе нема потези, но веќе во следната сцена ќе видиме дека тој, всушност, бил десет чекори пред сите соперници, кои немилосрдно ги елиминира на патот кон апсолутната моќ. Патот на Френк Андервуд почнуваме да го следиме кога е на местото координатор на пратеничката група на мнозинството во Претставничкиот дом на САД. Иако таа е една од најважните позиции во политичкиот живот во САД, неговите амбиции се многу, многу поголеми.

Робин Рајт, во улога на пресметливата сопруга Клер, за стекнување уште повеќе моќ и углед безрезервно ќе ја користи нејзината хуманитарна организација, на чие чело е токму таа, ќе го уништи нејзиниот љубовник за да ја заштити кариерата на сопругот и ќе се спријатели со првата дама за да влијае на одлуките на американскиот претседател.

Бидејќи Куќа од карти е адаптација на серијата на Би-би-си од деведесеттите, а која го следи политичкиот пат на Френсис Јуан Аркарт, логично се наметнува прашањето: Дали сите политичари се како нашиот јунак Френк Андервуд или како неговиот британски колега? А нашите политичари?

Улоги:

Кевин Спејси (Френсис Андервуд)

Робин Рајт (Клер Андервуд)

Мајкл Кели (Даг Стампер)

Мајкл Гил (претседателот Гарет Вокер)

Нејтан Дароу (Едвард Мичам)

Сакина Џефри (Линда Васкез)

Кристен Коноли (Кристина Галагер)

Махершала Али (Реми Дантон)

Рејчел Броснахан (Рејчел Познер)

Себастијан Арселус (Лукас Гудвин)

Елизабет Нормент (Ненси Кауфбергер)

Кејт Мара (Зои Барнс)

Џералд Мекрени (Рејмонд Таск)

Констанс Зимер (Џенин Скорски)

Кори Стол (претставникот Питер Русо)

Моли Паркер (Џеки Шарп)

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваJohnnie Walker чевли
Следна објаваСликата на Доријан Греј – Оскар Валјд
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР