1601148_10205323950563492_5974143512812055822_n

Деновиве излезе од печат првото самостојно дело на младиот гостиварец Дејан Крстески. Збирката со неверојатни раскази, „Поглед кон небото“, беше издадена преку Здружение за наука и култура НОВА од Битола на претходно објавениот награден конкурс.

Овие раскази се пишувани, оформувани и осовршувани веќе пет години. Инспирацијата на авторот доаѓа од неговата внатрешна мотивација и имагинација, односно сетилната експресија на брзите флуентни животни настани.

Дејан со пишувањето се обидува да ја надмине минливоста на животот и да го зачува моменталното доживување на лист хартија. Пишувањето на првите страници за него се еднакви на вљубување во приказната, која потоа сама по себе носи будење во авторското творење.

Расказите во „Поглед кон небото“ ја отвораат онаа најчесто „забранета врата“ на потсвеста каде се скриени тековите на болката, страдањето, како и внатрешниот субјективен свет кој реално се случува во човекот. Расказите се имагинативно претставени и се карактеризираат со изразена живост на претстави, богатство на асоцијации, интензивен и длабок емоционален живот, изразен преку многу чувства и емотивни врски, нивно поврзување на еден необичен сонувачки начин.

„Посакувам едно утро да се разбудам помеѓу нив. Едно обично утро, баш како ова утро, па да погледнам таму каде што гледаат тие. Сакам да го искривам вратот кон небото и со својот поглед да пловам по синото небо. Сонцето да ме гали по главата исто како што ги гали и нив. Сончогледите и нивната убавина. Мојата вечна инспирација. Сите нивни погледи кон она без кое не можат да живеат. Нивната душа и сонцето.“

– извадок од „Сончогледите“.

Дејан пишува и роман кој е во завршна фаза. Овој психолог и македонист на младите автори им препорачува да читаат многу, да работат на својот талент и постојано да се усовршуваат. Но пред се, да бидат храбри и да трпеливи, бидејќи успехот ќе дојде со текот на упорноста и трудот.

Доколку сте во дилема што да читате за време на овие студени декемвриски денови, оваа збирка е полн погодок!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗимска идила во домот
Следна објаваВистинската работилница на Дедо Мраз
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ