Откако титанот Атлас беше приморан да ја носи небесата врз своите раменици – Орион започна да ја брка секоја од Плеадата, додека Зевс ги трансформираше истите првин во гулаби, па подоцна во ѕвезди само за да го смири нивниот татко. И така, Орион беше осуден да ги брка прекрасните, седум невини сестри секоја наредна ноќ на небото…

photo miladin papovic 3

Divian Arts како медиумски партнер на „Месиер 45“, заедно со Nescafe Dolce Gusto, ALBA, PODIUM models agency, Pixel.mk и Viktor Mirchevski заедно со останатите гости беа под светлината на најсјајното соѕвездие за да ја слушнат приказната позади колекцијата:

     Седум ѕвезди ја сочинуваат Плеадата.

Седум креации се центар на ѕвезденото внимание. Бесмртна вселенска приказна која послужува како митолошка инспирација позајмена од ќерките на титанот Атлас, со избор на несекојдневно место каде акцентот најпрвин беше ставен врз ѕвездено доживување на приказната – дизајнерките Ирина Тошева и Нина Симовска вчеравечер ја претставија својата капсулна колекција во Планетариумот во МКЦ. Мал број на гости имаше чест да го слушне предавањето на г-дин Ценев, физичар; и да увиди како приказната е основа за креациите кои двете дизајнерки ги презентираа на публиката. Моделите на Тошева, изработени од цврсти и лелеави материјали во боите на Универзумот беа дополнети со изработениот накит на Симовска – овој пат, за првпат ткаен во самите модели, во одличен спој со фризурите од Studio Allure и шминката на Виктор Мирчевски.

Преставувањето на моделите не изостана од некласичната замисла на дизајнерките, бидејќи истите беа сместени во публиката; како ѕвезди кои се симнале на земјата за немо да го раскажат својот дел од приказната. На крајот од предавањето, гостите беа почестени со видео-спот кој ќе имаме прилика да го видиме наскоро. Истите дозволија соѕвездието да стане нивна приказна. Да понесат дел од „Месиер 45“ со себе, секој доживувајќи ја колекцијата на свој, автентично вселенски начин.

photo miladin papovic

photo nikola spasenovski2

photo miladin papovic5

photo miladin papovic 4

photo miladin papovic2

photo nikola spasenovski

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнстаграм претстави 5 нови филтери
Следна објава5 трикови за завиткување подароци
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР