1

Споделуваме убава вест од книжевниот додаток „Ш“ на списанието „Излез“ – отворен е новиот конкурс за песни и за раскази што ќе бидат објавени во осмиот број на ова култно списание. Писатели и писателки, поети и поетеси, раскажувачи од Македонија… разбудете се и творете! Не шепотете во Вашите Word документи или нотеси – не дискутирајте за туѓите книжевни достигнувања: направете си пат за Вашите! Раскажете ја Вашата приказна на начин својствен само за Вас.

Своите дела може да ги праќате најдоцна до 10 јануари 2015 година, и тоа во три категории:

  • Поезија на македонски јазик, најмногу до три песни;
  • Поезија на англиски јазик, најмногу до три песни (може препеви на свои авторски песни);
  • Кратки раскази на македонски јазик, најмногу два.

Секоја категорија ќе има посебен селектор – за македонски јазик писател или критичар од нашата книжевна сцена, а за поезијата на англиски – поет кој ни доаѓа од англиското говорно подрачје. Селекторите ќе бидат објавени наскоро. За повеќе информации посетете го следниот линк http://www.izlez.mk/?p=20618.

Од Ш Ви порачуваат… „Инспирирајте се и праќајте ни дела – нема зошто да Шепотите, кога „Ш“ има шини и ширини за Вас!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРустични божиќни украси
Следна објаваКако рускитe блогерки ги носат Луј Витон чевлите?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР