1

Во домовите со мали димензии, скромната квадратура значително го лимитира расположливиот простор, па пронаоѓањето дополнително место за празнични декорации може да биде предизвик. Сепак, тоа не значи дека не постојат креативни решенија со кои дури и минијатурниот ентериер може да добие свечен и празничен изглед за време на зимските прослави. За таа цел, овојпат ви претставуваме еден одличен пример како и малиот стан може да биде прекрасен дом во екот на празниците. Ве водиме зад вратите на еден двособен шпански стан сместен близу Мадрид, кој е пригодно украсен во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Станува збор за пресладок животен простор, уреден во рустичен и медитерански стил, кој освојува на прв поглед со пријатниот шарен декор. Ѕвездите во различни големини и бои, гранките украсени со лампиони и украсните свеќи се само дел од декоративните елементи кои во овој дом создаваат романтична божиќна атмосфера. Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се од убавите детали и веселите бои со кои е стилизиран овој интересен ентериер. Уживајте во разгледувањето и ,,украдете’’ ја омилената идеја за празнично руво и на вашиот дом.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрвиот трејлер за Малиот Принц
Следна објаваИдеален подарок за секој хороскопски знак
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ