Најпознатиот детски наслов со најфилозофска содржина на светот доживува своја нова екранизација – „Малиот принц“ кој оваа година наполни 71 година сеуште си стои во улогата на млад, екстремно мудар благородник кој паднал на планетата Земја од астероид. Филмот ќе биде анимиран, додека режисерската палка ќе биде во рацете на Mark Osborne, додека гласовите на главните ликови ќе ги позајмат Mackenzie Foy, Rachel McAdams, James Franco, Marion Cotillard, Benicio Del Toro и Ricky Gervais; пренесува Daily Life. Иако премиерата во Франција е закажана за 7ми октомври 2015 година (додека датумот за САД сеуште не е прецизиран), сепак ентузијазмот и очекувањата дека оваа детска, но несомнено значајна животна приказна повтоно ќе ја раскаже сторијата за универзалната релевантност на нештата – дека возрасните повеќе ја ценат истата, наспроти перцепцијата која што ја имале како деца. Затоа што ќе се потсетат…

“Јасно се гледа единствено со срцето.
Она што е најважно е невидливо за очите…“

.1.

1

2

4

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Најубавата птица во зима
Следна објаваМал стан во празнично руво
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР