За најобичните работи во животот, често ни се случува да им го заборавиме значењето и веднаш штом погледнеме нешто што ќе не’ потсети – ни доаѓа една размисла, малку непожелна, а реална: дека всушност, не ни треба некој да ги илустрира истите… во смисла, „ти ќе ми кажеш дека читањето е важно…“. Смешно или не, вистината е таква. Видеото кое следува во прилог е дело на Bloomsbury Publishing, издавачка куќа чиј историјат започнува во 1986 година, а која локациски е поставена во Лондон, Сиднеј, Њујорк и Делхи. Имено, оваа издавачка куќа се обидува на креативен начин, цитирајќи ги големите автори по повод значењето на книгите и навиката за читање да направи интересна реклама која ќе ги поттикне пријателите, родителите, колегите, роднините и општо, сите блиски за овој Божиќ да изберат книга за подарок.

Постои едно тврдење според кое „книгата е единственото нешто што го купуваш, а не те осиромашува“. Односно, кога е студено – купете си книга. Пак ќе Ви биде студено, но барем ќе имате книга. И навистина е така – ако веќе еднаш Ви порачавме подарете љубов, подарете ум; и денес го правиме истото… подарете некому книга за Божиќ!

3003-011123

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФилм препорака | КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИШ ОД ШЕФОТ 2
Следна објава"Have Yourself A Merry Little Christmas" во изведба на Sam Smith
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР