0017Кога домот е со минијатурни димензии, се’ мора да има свое место и практична намена во просторот. Недостигот од повеќе квадрати не дозволува преголеми отстапки во декорот, па неопходно е вешто и функционално искористување на секој центиметар. За таа цел, ви претставуваме мали, но инспиративни станови кои се вистински пример за паметно испланиран простор. Станува збор за два прекрасни мини ентериери со површина под 30 метри квадратни, кои содржат се’ што е потребно за удобен и модерен живот, без нималку да се потфрли во стилот, естетиката и добриот вкус при уредувањето. Првиот е дело на дизајнерот Felipe Campolina од студиото ArchViz и е со површина од само 29 метри квадратни. Уреден е во неутрални тонови кои визуелно го зголемуваат ентериерот, а функционалната организација му го дава потребниот комфор. Во вториот стан, пак, уреден од од студиото Art Studio Design, акцентот е ставен на женствените детали и малку пожива палета на бои. Интересните решенија дозволуваат просторот од 30 метри квадратни да е рационално искористен, па, така, наместо со преградни ѕидови собите се издвоени со ормани, кои воедно служат и како место за складирање. Во продолжение, разгледајте ги креативните предлози кои ги нудат талентираните дизајнери за живот во скромна квадратура. За повеќе идеи, пак, погледнете ги и првиот дел, вториот дел, третиот дел и четвртиот дел од серијата објави посветени на мали и убави станови.

1.Стан (29 метри квадратни)

0001

0002

0003

0004

0005

0006

0007

0008

0009

2.Стан (30 метри квадратни)

0011

0012

0013

0014

0015

0016

0017

0018

0019

0020

0021

0022

0023

0024

0025

0026

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗимски дворец во Австрија
Следна објаваМетаморфозис | José Bernabé
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ