Најубавите работи на светот доаѓаат во мало пакување – оваа фраза често се однесува на малите, слатки радости во животот од типот на зачини, колачиња, парфеми. Но, покрај тоа се тврди дека и отровот доаѓа во мало пакување; како предупредување да се внимава со консумирањето на т.н. радост. RavensCtApothecary е псевдоним позади кој се крие креативна душа која ги изложува своите малечки уметнички дела со неверојатни мирисни ноти на Etsy store: таа создава книжевна магија во стаклени шишенца, користејќи совршено искомбинирани мириси и масла спакувани во елегантни кутии кои се подготвени од Лондон да стигнат на било која адреса. Кутиите се перфектни доколку ги подарувате некому (па дури и на себеси), затоа што се украсени со црвен класичен печат и цитат преземен од самото име на парфемот. Ниту еден од нив не доржи алкохол или вештачки состојки. Ние издвоивме 4 од нив, инспирирани од главните лекови на 4 класици.

Јас сум љубоморен на се’ чија убавина никогаш не умира.
– Оскар Вајлд

1.

1

Овој цитат, позајмен од „Сликата на Доријан Греј“ е совршена основа на овој парфем за мажи создаден од класична свежа смрека, елегантен бергамот и живописен лимон – со пикантен и освежувачки мирис, „Доријан Греј“ е наменет за секој господин кој не старее и секогаш се чувствува млад и убав.

Глупости и глупости, каприци и недоследности кои се пренасочени кон мене, а јас – своја, секогаш кога можам, им се смеам.“
– Џејн Остин

2.

2

Внимателно направен микс од светол цитрус и различни видови на лимон и мандарина сочинети во цитатот погоре, имено присутен во „Гордост и предрасуди“ со бујни нијанси на босилек и анасон. Парфемот „Елизабет Бенет“ е жив и весел, класичен и ботанички со мала доза на кокосово масло. Наменет е за самоуверените девојки и жени кои се пронаоѓаат во Викторијанската ера.

Мојата љубов за Хитклиф наликува на подлогата на вечните карпи: извор на малку видлива радост, но истовремено неопходна. Тој е секогаш во мојот ум, не како задоволство сам по себе; туку повеќе задоволство за моето битие.
– Емили Бронте

3.

3

„Хитклиф“, анти-херојот на „Оркански височини“ е впечатлив мирис за мажи, во чија основа лежи пикантен бор, класичен бергамот и релаксирачка нота на нане. Свеж, зелен и слободен дух е главната нота на овој мирис; посветен на оние мажи кои Бронте ги преферира.

Ако имав сопствен свет, тогаш се’ ќе беше апсурдно во него. Ништо не би било она што е, бидејќи се’ ќе биде она што не е. И спротивно на мудроста, ништо нема да биде мудро. И се’ што нема да биде, ќе биде. Гледаш?
– Луис Керол

4.

4

Создавањето на овој ботанички парфем е мешавина на делитатни цветни и цитрусни ноти, со горчливо-сладок мирис од опоен јасмин и пикантна мандарина – „Алиса во земјата на чудата“ го задржува својот динамичен дух кој одговара на сите генерации, правејќи ја оваа книга достапна и разбирлива за сите. Како и овој парфем.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПастелни бои во зимската гардероба
Следна објаваОригинални мурали | DALeast
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР