1

Иако делува малку иронично да Ви предложиме Направи сам полица за книги направена од книги – сепак, откако ќе го погледнете предлогот ќе се согласите дека станува збор за убава идеја. Во својство да го украсите Вашиот, веќе доволно исполнет, простор со книги; оваа идеја може совршено да се вклопи за додавање на симпатичен изглед со винтиџ стил. Вашиот избор ќе ја одреди бојата, дезенот и големината на книгите, додека користењето на конопот ќе го задржиме под категорија „мора“…

Потребно Ви е:
– стари книги со тврд повез
– лепило
– украсна хартија
– четка или сунѓерче
– ножици
– бурмашина

2

Процесот не е тежок доколку ги следите инструкциите:
1. означете точки на книгите каде што би ги сместиле дупките (најмалку еден сантиметар од рабовите).
2. направете дупчиња во сите четири агли ан книгата, со помош на бурмашина.
3. секоја од книгите завиткајте ја во украсна хартија.
4. направете дупчиња во хартијата, кои ќе одговараат на дупчињата во книгите.
5. измерете колку коноп Ви е потребно (на растојание кое ќе го замислите) и обележете го конопот.
6. направете 4 јазли врз книгата, протнете го конопот и направете уште 4 под книгата. Повторете го чекорот во согласност на тоа колку книги ќе има Вашата полица.
7. сместувањето на оваа полица е најлесно изводливо доколку имате кука на таванот. Или пак, потребно ќе биде само да ја зацврстите со шајки.

3

4

Совет плус: зошто не би ја направиле оваа полица во новогодишен дух? Важно е само да се забавувате и да не заборавите на Вашите книги!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМила Кадриу ќе ја прикаже колекцијата „Crystal ball“
Следна објаваURBS | Трета самостојна изложба на Блашка Ми Ева
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР