Креативноста не е креативност доколку не би била прикажана – уметноста не е уметност доколку не биде раскажана преку дело, додека креативната страна на животот преку категоријата Млади креативци на Divian Arts не би била креативна страна на животот доколку не ги сподели домашните уметници.

Со симплифицирана порака дека „уметноста е љубов, а љубовта е уметност“, од тимот креативци кој вложува повеќе од себе за финалниот продукт да изгледа како на фотографиите подолу, ја контактиравме младата дизајнерка Евгенија Петровска Вангелова. Евгенија од „Гоблен“ создава модерни детали и дизајни. „Гоблен“, како што опишува и самата, е микро машинерија за изработка на артистични, рачно изработени модни детали. Секое од парчињата е нераскажана приказна, кое дава само првичен впечаток на раскошна уникатност и очигледна поврзаност со големата историска уметност.  Секое од парчињата е достапно за продажба, кои ќе бидат изложени во Lotus Desing Store уште следната недела, од 1ви декември.

Користењето богати материјали и модни зачини, со инспирација пронајдена низ маркантните жени низ светската историја, производите на „Гоблен“ се презентираат преку креативни фотографии, кои обично се придружени со уште покреативна порака – сеќавање на минатото, дефинирање на себеси, мотивирање добри дела, кај што постои љубов постои и живот и многу други; поентирајќи дека да се биде создавач на уметност, најпрвин мора да се биде инспиративна приказна сам по себе, како што е Евгенија од „Гоблен“.

Во прилог, погледнете ја нејзината уметничка приказна.

3 4 5

6 7

8

9

10

11 12

13

14

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПоткровје на две нивоа
Следна објаваМила Кадриу ќе ја прикаже колекцијата „Crystal ball“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР