.1.

Сензација низ цела Европа, милиони продадени примероци. Грчевит амалгам за мистериозно убиство, семејна сага, библиска поврзаност, љубовна приказна како и финансиска интрига. Еднаш кога ќе започнете со Ларсон, нема враќање назад.
Деби-трилерот како прв од Ларсоновата триологија, се поставува како литературен монумент во европската модерна мисла, имено, преку неговото пишано наследство класифирајќи го како брилијантен автор години после неговата смрт во 2004.

Некогаш почитуваниот и баран финансиски новинар Микаел Блунквист доживува уривање на неговиот професионален живот точно пред неговите очи – со тужба поради клевета, која подоцна резултира со закана за затвор, се чини дека ништо не ќе го воскресне неговото име и професионален кредибилитет. Изгледите за истото се минимални, се додека не се појави неочекувана и вознемирувачка понуда од страна на титанот на старата шведска школа, Хенрик Вангер. Стариот успешен лисец го најмува Микаел навидум да му ја напише биографијата за егзистенцијата на неговата индустриска империја која сега е во евидентен пад, но во суштина тој го ангажира да ја открие семејната мистерија околу исчезнувањето на неговата внука Хериет, за која се верува дека е киднапирана или убиена речиси 40 години. Она што ниеден детектив од островот на семејството Вагнер не успеал да го открие за четири децении, Микаел треба да го постигне за една.

Почнувајќи ја својата истрага, тој евидентира дека Хериет не е единствен случај на убиство, туку дека поврзаноста на нејзиното исчезнување со серија на слични ужасни убиства во минатото не е случајно. Немајќи друга опција, тој почнува да соработува со Лизбет Саландер, двојно помлада и двојно остроумна девојка-гениј која е хакер, чие кревко тело е исполнето со тетоважи, пирсови и други уметнички унакажувања. Овој неверојатен тим се нурнува подлабоко во валканото минато на богатото семејство, откривајќи незамисливи коруптивни и нацистички тајни во највисокиот ешалон на шведскиот индустријализам и недефинираните семејни врски во истиот.

Константно возбудлив и неверојатно интелегентен роман за длабочината и суштината на првиот агенс на социјализација – семејството, преку изложување на тест и дузина интриги кои ја нарушуваат најсветата заедница создадена од Бог: како што самиот Хенрик му налага на Микаел, дека откривајќи гнојно мочуриште на фамилијарна корупција и ментални недостатоци; со помош на девојката со тетоважа на змеј, со која не би сакале да се запречкате во ниеден можен случај.

„Човек е приморан да ги простудира и да ги доведе на светлина на денот, највалканите луѓе кои некогаш ги запознал – неговата најблиска фамилија“.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Лустер со чипка
Следна објаваСимболиката на зелениот палец
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР