Со користење на намирниците кои се достапни на пазарите и во маркетите во текот на целата година, можете секое утро да уживате во здрав и вкусен природен сок. Притоа, телото ќе ги добие потребните витамини за полесно да се бори не само додека трае студеното време, туку во текот на сите четири годишни времиња.

1

Цитрус

Во блендер измешајте портокал, цитрон, лимон или мандарини, и  додајте мед, ѓумбир и семки од тиква. Овие овошја се полни со витамин Ц и делуваат добро на кожата и тенот, а ја зајакнуваат и косата.

2

Калинка

Освен лицето, во ладната сезона внимание им треба и на стапалата. Поради слаба циркулација може да се појават отечени вени и распукани капилари на нозете. За да се спречи оваа појава, пожелно е да пиете смуди од калинка разредено со вода два пати неделно. Калинката содржи дури 15 аминокиселини и витамини Б6, Б12, А, Е и Ф кои ја подобруваат циркулацијата и ја чистат кожата.

3

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови не само што содржат витамини и минерали, туку и омега 3 киселини кои спречуваат преголема сувост на кожата, па затоа се одлични за есен и зима. Во блендер измешајте јаткасти плодови по желба (претходно оставени во вода цела ноќ), бадемово млеко, кокосово масло, цимет и кардамом.

4

Морков

Една чаша исцеден сок од моркови содржи витамини А, Ц и Б кои ја штитат кожата од надворешни влијанија и ѝ даваат мекост и еластичност. Освен моркови, можете да додадете и сок од портокал, јаболко и крушка.

5

Киви

За да го вратите сјајот на уморната кожа, неколку пати неделно подготвувајте си сок од киви, банани и магдонос. Кивите содржат макро и микроелементи како калиум, фосфор и калциум, како и ензимот актинидин кој го стимулира метаболичкиот процес во телото.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВИДЕО: Каролина – ,,Бегај, бегај’’
Следна објаваНајмагичните зимски дестинации
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ