Дамата која секогаш изгледа беспрекорно окрива неколку трикови за совршен изглед.

naslovna

Во разговор со Elle, славната актерка откри 4 навики од кои не се откажува и додаде дека со себе секогаш си носи црвен кармин и крем за лице.

Секси поглед

„Најмногу сакам “smokey eyes”. Го сакам тој контраст на ладните тонови на сива, сина и кафеава боја со  црн туш за очи. Водете сметка четкичките за шминкање да се суви, ако сакате поприроден изглед на сенката, или да бидат малку влажни, ако сакате поостри линии.”

1

Повеќе е ок

„За време на снимањето на кампањата за Dolce and Gabbana, соработував со Pat McGrath која ми ја истапира косата, ми стави впечатлив црвен кармин, а за очите одбра smokey сенки. Прво мислев дека е премногу и дека ќе изгледам смешно, но правилото дека кога ги нагласувате очите не треба да ги нагласувате усните и обратно не важи секогаш.”

Моливче за совршени усни

„Често ставам моливче за уста пред да ставам кармин. Избегнувам коректор околу устата бидејќи така карминот брзо се брише.”

2

И минимална шминка е добра за на црвен тепих

„Немам секогаш време да ме шминкаат и да ме средуваат за на црвен тепих. Затоа често сама се шминкам, а задолжително ставам маскара, крем, бронзер и руменило.”

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Најмодерниот“ бездомник
Следна објаваМини поткровје од 20м2
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР