Кога домот е убав и удобен, се’ во животот е многу полесно. Убавината доаѓа во многу различни форми, а дизајнерските решенија од студиото Koj Design можат да се вбројат меѓу позитивните примери за прекрасен и сончев ентериер, полн со комфор и светлина. Ви претставуваме четири станови со удобен дневен престој, едноставни соби и гостопримливи трпезарии кои се совршени за дружење. Зачекорете низ фотографиите во секој од нив, и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот животен простор.

Стан 1

Првиот стан е простран и модерен. Употребата на природни материјали и текстури создава топла и удобна атмосфера во неговиот ентериер. Светло сивата и сината во комбинација со дрвените подови му даваат завршен смирувачки ефект. Прозорците овозможуваат изобилство од природна сончева светлина, па сите елементи во ентериерот изгледаат уште поубаво.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

Стан 2

Внатрешниот дизајн на вториот стан е во наутички стил. Примената на релаксирани морски тонови го претвора во омилено место за опуштање. Станот е со отворен распоред, но креативно е поделен на неколку зони, кои иако го задржуваат просторот поврзан, сепак умешно имитираат приватност. Внимателно избраните декорации се во хармонија со морнарската тема, но потполно се вклопуваат во ентериерот и не делуваат нималку кичесто.

14

15

16

17

18

19

20

21

22
Стан 3

Третиот стан е помал, но благодарение на креативното користење на светлината и топлите земјени тонови создадено е пространо и отворено чувство. Ситните детали се внесени во дизајнот во облик на уметнички дела или интересно покриени полици. Елементите од светло дрво во кујната, заедно со мермерните подни плочи, му даваат чиста и модерна нота на ентериерот.

23

24

25

26

27

28

29

30

31

32

Стан 4

Четвртиот стан е едноставен семеен дом со елегантни, модерни дрвени детали, како и светол и разигран простор за девојчиња. Главниот ѕид во дневниот престој е вистинско ремек дело. Иако во розови нијанси, собата за девојчиња не е воопшто клише, туку сосема добро изгледа. Главната спална соба е стилизирана со неутрални бои, а катчето крај прозорецот одлично ја користи положбата за да повика на одморање на сонце. Терасата е убав завршен детал – со многу билки претворена е во вистинска урбана оаза.

33

34

35

36

37

38

39

40

41

42

43

44

45

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСекој има своја приказна
Следна објава18+ | Pirelli календар 2015
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ