Јагуари: Е-тип

Зарем постои автомобилски фанатик на овој свет кој барем за краток период не бил вљубен во „кралот на ретро автомобилите“?

Во прилог Ви ги доставуваме нашите седум фаворити, а искрено се надеваме дека ќе си го пронајдете својот Јагуар.

1. 1957 Jaguar XKSS

0002

XKSS дефинитивно е автомобил за адреналинските зависници со префинет вкус. За оние на кои не им треба многу да започнат улична трка. Еден од нај-мачо претставниците на Јагуар.

2. Jaguar E-Type

jagheritage

Овој тип дефинитивно знае со дамите. Заводник чиј дизајн е создаден за италијанските улички и дефинитивно за џентлмени кои знаат како со вистинските дами.

3.  1961 Jaguar E-Type Coupe

0003

1961 E-Type Coupe е за мажите со став. Неговите математички пропорции го прават совршен за улиците покрај високите Њујоршки згради, во бизнис-блокот во Париз и малечкиот неодолив Луксембург.

4. The 1966 Jaguar E-Type 2+2 Coupe

0004

Типичен аристократски ретро автомобил. Непрактичен и тежок за одржување. Но една вожња низ градот дефинитивно ги полни батериите.

5. 1974 Jaguar E-Type

0005

Повисок и дефинитивно поелегантен од останатите. Модел за сите вљубеници на класичните холивудски филмови. Само замислете се со класично Rayban наочари како возите на пат покрај бесконечна океанска плажа.

6. Jaguar F-Type

0006

Наследник на претходниот тип, со очигледни промени во дизајнот и контурите. Кај кабриолетите очигледно нема грешка.

7.  F-Type Coupe

0007

Овој и претходниот модел ги наменивме за оние кои се повеќе по модерните автомобили. За оние кои покрај луксузот ја преферираат и практичноста.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМаслиновото масло во светот на убавината
Следна објаваЛевиот брег на Сена – Кејт Муир
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ