0

Постојат домови кои комплетно ги следат желбите, стилот и личните карактеристики на нивните сопственици. Еден таков е и станбениот простор со површина од 63 метри квадратни, за чиј преубав дизајн е заслужен тимот од архитектонското студио J+D Design-Lab. Се наоѓа во тајванскиот град Тајпеј, а освојува со космополитскиот дух, облагороден со безвременска и универзална елеганција. Првото нешто што е воочливо во станот е интересната шема на тонови, преку оригинален и по малку необичен микс на различни бои, кои сепак одлично функционираат заедно.Постигнат е едноставен, а сепак фин и пријатен амбиент, каде нијансите се менуваат во секоја просторија и зона, давајќи му стилска и нежна нота на станот. Така, меките и топли бои ја сочинуваат основата на дневниот престој и кујната, додека постудената палета е искористена како избор за спалната соба и домашната канцеларија. Во целост, животниот простор е особено добро испланиран, и функционално ја исползува скромната квадратура, одговарајќи на потребите на урбаното живеење. Погледнете како e осмислен паметниот распоред во ова стилизирано катче, и пронајдете ја омилената идеја за ентериерот на вашиот дом.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто прави Париз да изгледа како Париз?
Следна објаваПразничната колекција на Victoria’s Secret
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ