Што е потребно за убав почеток на денот? Позитивни мисли, јако кафе, можеби будење подоцна? Секој си има свој ритуал за денот да му тргне на добро. Сепак, постојат универзални правила и трикови кои ако доследно ги прифатиме може многу работи да ни сменат. Не мора да правите драстични промени одеднаш, едноставно почнете со мали измени. Напијте се чаша вода наутро или направете неколку вежби за истегнување. Како ќе изминува денот, направете си листа со задачи кои ве чекаат и, малку по малку, почнете да ги исполнувате.

1

Учете, информирајте се, прашувајте. Ако не прашате одговорот секогаш ќе биде не. Сега е најдоброто време за сè. Ако не сега кога? Посветете се максимално на вашиот сон и полека, но сигурно тој ќе се оствари. Но, по напорната работа не заборавајте да се наградите себеси со некоја ситница која ќе ве усреќи.

И најважното, секој ден бидете благодарни за сето она што го имате. Тука се чини лежи клучот на внатрешната среќа, се согласувате?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛатинскиот шарм на Њујорк | La Casa Azul Bookstore
Следна објаваКреативно поткровје во Париз
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ