Сте започнале книга која никако да ја завршите? Постојаното изнаоѓање изговори и несоодветна критика можеби не се правилниот одговор на оваа ситуација. Многу читатели (меѓу кои и автори, критичари, рецензенти, издавачи) сметаат дека и покрај влошувањето на квалитетот на една книга, сепак треба да му се даде втора шанса на писателот кој е поставен на тапет; чисто од причина, за да се оцени најправилно по завршување со читањето. Од аспект на тоа да не должиме многу на оваа тема, пренесуваме став од големиот книжевен магазин… Во чест на тоа да ја завршите секоја книга која сте започнале да ја читате:

„Најчестата одбрана на напуштањето на започнатата книга која што ја слушаме е дека постојат многу добри книги кое е невозможно едно лице да ги прочита во својот животен век; па, затоа е глупаво да се губи време на досадни или на било каков начин, незадоволителни романи. Тој аргумент има смисла – ако романот е апсолутно ѓубре и ако е толку лошо што читателот, почитувајќи го авторот, навлегува се’ подлабоко во содржината и оглупавува додека го прави тоа. Но, ако романот започнува добро и еволуира во нешто не толку добро – тогаш, вреди да се продолжи напред, да се провери дали се подобрува, односно каде згрешил авторот.“

– смета култниот The Paris Review.

.1.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБронзена омбре шминка за гламурозен изглед
Следна објаваВерувам…
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР