Во динамичната џунгла на секојдневието, секој од нас е кратковид. Одиме по линиите, ги држиме конците и ретко се вртиме наназад. Колекцијата есен/зима ‘14/’15 на Ирина Тошева, не` тера да погледнеме подалеку. Така, спротивно од вообичаените убедувања, разбираме дека и урбаното е дел од еден поголем систем, дел од природата. Токму нејзините слики се пренесени на памук, сомот и волна. На тој начин може да станат дел од нашиот изглед и да ги пренесеме во нашето сиво зимско опкружување за да го промениме.

1

Eтаблираната модна дизајнерка Ирина Тошева го претстави едиторијалот за најновата колекција „Зебра“, наменета за сезоната есен/зима ‘14/’15. Низ тринаесет модни изгледи за мажи и жени изработени од памук, сомот и волна, колекцијата говори за динамичната џунгла од бетон во којашто живееме и нејзиното влијание на нас. Креативниот концепт носи порака да погледнеме подалеку и да сфатиме дека и урбаното е дел од еден поголем систем, дел од природата.

2

Зебрата е употребена како симбол на индивидуалност и ни` открива дека колекцијата е наменета за оние кои се во постојано движење и имаат желба да се разликуваат од околината. Токму тие умеат да ги слушнат своите инстинкти и да изгледаат онака како што се доживуваат одвнатре.

Зебрата е всушност пешачки премин. Ја користам како симбол на промена и индивидуалност. Едиторијалот повикува да не ја заробиме нашата природа.“ – појаснува дизајнерката Тошева.

3

Фотографиите се дело на модниот фотограф Миладин Паповиќ, за шминката е задолжен Виктор Мирчевски, фризурата е на Studio Allure, а во улога на модели се појавуваат: Елена Гугоска, Сара Миленковска и Вања Трампевски. Едиторијалот е реализиран во соработка со Македонската опера и балет, а со поддршка на My:Time објавен е и во форма на печатен каталог со графички дизајн на Кристина Манчева.

Успеавме да ја пренесеме пораката на колекцијата низ фотографиите. Моделите се во контраст на нивната линеатна околина. Работевме на концептот повеќе од два месеци.“ – изјави фотографот Паповиќ. Сите детали во едиторијалот се внимателно обмислени. „Го анализирав милозливиот, а сепак горд поглед на заробените животни“ – Виктор Мирчевски го објаснува концептот за шминката.

4

Колекцијата „Зебра“ имаше премиерно ревиско претставување во рамки на Модниот викенд Скопје и Fashion Week Serbia. Од неодамна е пуштена во продажба за сите љубители на креациите со македонски потпис, а дизајнерските парчиња на Тошева можат да се најдат во: Lotus Design Store на вториот кат во Skopje City Mall; интернет продавницата bastetnoir.com; и al.to во Љубљана.

Ирина Тошева e магистер по дизајн на Академија Италиjана Фиренца. Зад неа се 7 колекции, 12 фото сесии, 11 самостојни ревиски претставувањa во земјата и странство и 4 костимографии. Таа работи претежно улична мода и во нејзините колекции се обработуваат силни пораки во контекст на урбаното живеење.

5

6

7

8

9

10

11

12

13

СПОДЕЛИ
Претходна објаваА Вие што би промениле на Вашето тело?
Следна објаваМагичната моќ на книгите
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ