Доколку би ни поставиле прашање од типот, „Што би промениле на Вашето тело?“, нашите одговори би биле различни. Секој знае да си го пронајде својот физички „недостаток“, кој што најчесто е присутен единствено во неговите/нејзините очи. Честите споредби со моделите од билбордите и рекламите на телевизијата кои, да бидеме реални, продаваат доза на совршенство, прават да се чувствуваме несигурно и неудобно во своја кожа.

007

Видеото кое можете да го видите погоре е чист пример за несигурноста на возрасните. Една девојка се жали на големината на своето чело, друга се жали за лузните од пораѓањето, еден маж се жали на големината на своите уши…

008

На сите возрасни им беше поставено прашањето: Што би промениле на Вашето тело?

За работите да станат поинтересни, истото прашање им беше поставено на неколку деца, кои судејќи по одговорите, се чувствуваат одлично во својата кожа. Некои од нив не би промениле ништо, само кога би можело да имаат крилја и опашка како сирена.

009

010

А Вие што треба да промените на Вашето тело?

Апсолутно НИШТО!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтан од 40 m² – Машка и женска верзија
Следна објаваЗебра | Моден едиторијал со силна порака
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР