Презентација на дизајните и модниот едиторијал за колекцијата ,,Зебра” за есен – зима 14/15 и модни совети од дизајнерката Ирина Тошева. Настанот ќе се одвива оваа сабота (1-ви ноември) во периодот помеѓу 12 и 20 часот во рамките на концептуалната продавница Lotus Design Store (Скопје Сити Мол, втор кат до Bo Bowling).

000

Lotus Design Store продолжува со промоцијата на македонските дизајнери и брендови. По претставувањата на Fashion week Serbia и Fashion Weekend Skopje, Lotus Design Store ви ја претставува одблизу најновата колекција есен – зима 14/15, именувана ,,Зебра”, на дизајнерката Ирина Тошева. Покрај презентацијата на моделите од колекцијата ,,Зебра”, посетителите ќе имаат можност да го погледнат и модниот едиторијал за оваа колекција изработен од фотографот Миладин Паповиќ, но и да поразговараат и да добијат модни совети директно од дизајнерката.

001

Инспирацијата за својата најнова колекција, Тошева ја добива од потребата да се истакне индивидуалноста во урбаната џунгла во која што динамично живееме. Таа индивидуалност, Тошева ја прикажува преку вметнувањето на уникатната и динамична зебра во своите креации.

,,Зебрата ни открива дека колекцијата е наменета за оние кои се во постојано движење и имаат желба да се разликуваат од околината. Токму тие умеат да ги слушнат своите инстинкти и да изгледаат онака како што се доживуваат одвнатре, а со тоа да го освежат сивото зимско опкружување”, објаснува Тошева.

Посетителите на настанот во Lotus Design Store ќе може да погледнат селекција на машки и женски модели од колекцијата на Тошева, изработени од памук, сомот и волна во палета од повеќе бои, кои се карактеризираат со презицен крој, одличен квалитет на материјалот и оригинален пристап во дизајнот.

002

Со овој настан, концептуалната продавница Lotus Design Store продолжува со промоцијата на македонските дизајнери и брендови. Овој концепт на претставување на различни дизајни пред македонската публика Lotus Design Store го започна во октомври, а ќе се одвива до крајот на овој месец.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВинтиџ преработки на модерни песни | Postmodern Jukebox
Следна објаваСимпатичниот Mini Morris
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ