Удобноста пред се’, но времето за себе на прво место…

Ако бог е во деталите, тогаш божицата е во прашањата. Ако и Вие уживате во малите детали што го прават животот поубав, тогаш дозволете ни вниманието да го свртиме кон прашањата: да си претпоставиме дека имате слободно време. Дека сте си избрале книга, за која одложувањето повеќе не е тема на поплаки, туку потреба. Книгата Ви е или подарок од драга личност или спомен од последното патување низ книжарници. Или можеби сте ја позајмиле од колега, па треба да ја вратите. Да си претпоставиме дека студенилото надвор ќе Ве натера да се затворите дома и да се сместите блиску до некој извор на енергија. Значи задоволни сте, се сместивте во топло. Не посегнувајте по далечинскиот управувач, оставете го телефонот на бесчуен аларм. Ова не е совет, ова е правилно на игра. Побарајте низ плакарот топол џемпер, сварете си чај од шумско овошје. Или од камилица, воопшто не е важно! Намонтирајте адекватна светлина врз удобно место за читање – тука не доаѓа во предвид Вашата работна столица.  Фотелјата од дневната соба ќе заврши работа.  Набавете нешто крзнено, нешто влакнесто. поставете го врз локацијата за седење или лежење. Истото, одговара да го поставите врз подот. Украсете го и дополнете го просторот, сте успеале со деталите. Ни останува уште само да го поставиме прашањето: што повеќе Ви треба, за неверојатно уживање ова попладне?

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДела од пламен и саѓи | Steven Spazuk
Следна објаваПариски стил во ентериерот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР