Познатото француско дуо, сопружниците Martine and Prosper Assouline ја прославија 20 годишницата од постоењето на култните книжарници за уметност, мода, фотографија, музика; со отворање на новиот салон на 196A Piccadilly во Лондон – со познатото име, Maison Assouline како прв меѓународен предводник. Локацијата е внимателно избрана, иконска зграда дизајнирана од Sir Edwin Lutyens во 1922 година со неверојатен амбиент каде на овој начин, Maison Assouline одлучува за прв пат да ги отвори вратите кон комплетниот свет на културата и животниот стил. Како показател на хедонистичкиот стил на уредување на животот, оваа книжарница која се разликува од било која друга на светот, нуди адекватно интелектуално искуство проследено со книга и кафе на едно од најмаркатните места во центарот на Англија. Сопружниците велат дека „Лондон е крајната дестинација кога станува збор за луксузен начин на живот и негово апсолутно доживување“, така што изборот на космополитскиот град во западниот свет дозволува културата и стилот во историски амбиент да бидат само дополнително збогатување на магичниот свет на речиси 4.500 книги во кафе-книжарницата.

Отворањето на книжарницата беше проследено со елегантна коктел-забава, каде што воедно и големиот Валентино ја промовираше својата нова книга „At the Emperor’s table“.

2.

3..

3.

3

4..

4.

4

5.

5

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMary Katrantzou за adidas Originals
Следна објаваКласични парфеми за секој маж
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР