0019Големината на станот е од особено значење, но само кога знаете како паметно да го искористите расположливиот простор. Животот во мал стан може да биде вистинска уметност, доколку умеете практично да ги исползувате најдобрите карактеристики на секое катче од домот. Со наглиот пораст на станбените кредити, но и на месечните кирии, од полза е да научите како малиот простор да го направите што попристапен, комплетно усогласувајќи го со личните потреби. За таа намена, ви претставуваме уште три прекрасни мини стана, со инвентивни решенија кои се одличен пример дека скромните димензии не се пречка за убав и функционален амбиент за живеење. За нивната визуелизација е заслужен тимот на Curly Studio, користејќи едноставен дизајн и неутрални бои за уредување на ентериерите. Исполнети се со многу полици и простор за складирање, а нема премногу гломазни парчиња мебел или, пак, пренападни дезени, со што вешто е избегнато задушување на малиот простор. Од најмалиот до најголемиот, во секој од нив можете да пронајдете интересни предлози и за вашето приватно царство. За повеќе идеи, погледнете ги и првиот дел и вториот дел од серијата објави посветени на мали и убави станови. Инспирирајте се!

1.Стан (32 метри квадратни)

0001

0002

0003

0004

0005

0006

0007

2.Стан (40 метри квадратни)

0008

0009

0010

0011

0012

0013

0014

0015

0016

0017

0018

3.Стан (45 метри квадратни)

0019

0020

0021

0022

0023

0024

0025

0026

0027

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛитература во форма на стрип
Следна објаваИдеи за морничава шминка за Halloween
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ