Домот е просторот од кој црпиме енергија. Преку неколку астролошки насоки, направете го уште поудобен, а во исто време препознајте ги сопствениците на домовите според хороскопскиот знак.

Овен

Овновите се секогаш во движење, па местото на нивниот стан е блиску до некој стадион или игралиште. Просторот често го претвораат во уметничко ателје. Битно им е да се чувствуваат  слободни и свои на своето.

Бик

Биковите сакаат уреден и сигурен дом. Како вистински хедонисти, најчесто се одлучуваат за природно дрво и топли бои, створени за уживање.

1

Близнаци

Близнаците тешко можете да ги најдете дома, па затоа местото на живеење често им е блиску до центарот на случувањата. Најдобро се чувствуваат во простор со разновидни креативни украси и детали.

Рак

Вистинските Ракови сакаат дом полн со ситни предмети, антиквитети и семејни слики во рамки. Најважно им е во домот да владее хармонија.

5

Лав

Лавовите најубаво се чувствуваат во раскошни, кралски опремени станови исполнети со украси и кристали и уметност. За опремување на домот не им е проблем да потрошат повеќе пари.

Девица

Основно правило за Девиците во домот е: едноставен, но посебен. Практичноста и функционалноста им е поважна од естетиката.

2

Вага

Вагите ја ценат естетиката и во својот дом сакаат префинети и квалитетни материјали. Сè мора да биде стилски усогласено и удобно. Важен украс им е цвеќето.

Скорпија

Сакаат едноставни геометриски форми со бајковити декоративни елементи. Домот им е нивно бегство од реалноста.

6

Стрелец

Главните услови за Стрелците се добро искористен простор и престижен кварт. Ускладеноста на боите не им е толку важна, а сакаат драгоцени стари предмети кои зрачат со посебна енергија.

3

Јарец

Амбициозните Јарци сакаат во домот сè да биде добро осмислено и ускладено, па средувањето му го препуштаат на внатрешен дизајнер. Преферираат класичен стил со модерен дизајн.

Водолија

Водолиите сакаат современ стан со модерни дизајнерски решенија. Им се допаѓа минималистичкиот стил кој ја изразува нивната иновативност и индивидуалност.

4

Риби

Необичен стан со мек мебел и топли теписи е совршен за Рибите – сонувачи. Камините им создаваат чувство на топол дом, а посебна важност имаат завесите и перничињата во пастелни бои, како и полиците за книги.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреативни соби за тинејџери
Следна објава,,Бордо момент’’ од Ралф Лорен
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ