000

Светот го растажи веста за смртта на еден од најголемите американски, но и светски модни дизајнери. Оскар де ла Рента беше џентлменот кој облекуваше цела низа дами од високото друштво, од нивните тинејџерски денови и дебитантски балови, па се’ до венчавките и сите поважни животни настани.

,,Кога јас почнував, жената ќе појдеше во продавница да купи фустан. Ќе го видеше во розова и црвена боја, и тогаш ќе се присетеше дека сопругот, кој најверојатно ќе го плати фустанот, ја обожува розевата боја. Нормално, ќе го купеше розовиот. Денес, истата таа жена оди во продавница и помни дека сопругот обожува розово, па го купува црвениот.

001

Под мотото ,,само сакам да правам убава облека“, Оскар ќе биде запаметен како дизајнерот кој наспроти промените и трендовите, на жените секогаш им нудеше раскошни фустани, давајќи им можност да ја оживеат бајката во вистинскиот живот. Нагласувајќи ја женската силуета со едноставни, но особено елегантни кроеви, внимание до последниот детал и дизајн кој воодушевува, креациите на Оскар де ла Рента ќе останат да сведочат за неговата амбиција да внесе убавина во светот на модата. Во сеќавање на овој голем човек и моден визионер, ве потсетуваме на некои од неговите најпознати цитати низ годините, со бисери на мудроста за животот, модата, стилот и неговата најголема инспирација – жените.

003

,,Стилот започнува со изгледање добро кога сте голи. Тоа е дисциплина. Ако не се облекувате добро секој ден, тогаш ја губите навиката. Не е се’ во тоа што носите, туку како го живеете вашиот живот.”

,,Мода е да се облекувате по она што е моментално ,,ин’’. Стилот значи да бидете свои.”

,,Во се’ што работите секогаш мора да постои емоција.”

,,Работете напорно. Верувајте во себе. Не е публицитетот она што ја продава облеката, туку жената.’’

003

,,Живееме во ера на глобализацијата и ера на жените. Никогаш во историјата на светот жените не владееле толку со својата судбина како денес.”

,,Квалитетите на кои најмногу се восхитувам кај жените се самодовербата и љубезноста.”

,,Не постои поженствен звук од жена облечена во балски фустан.”

,,Чекорете како тројца мажи да одат зад вас.”

,,Мојата работа како дизајнер е да направам жената да се чувствува најдобро што може.’’

005

,,Сакам да направам облека што луѓето ќе ја носат, не стилови кои ќе предизвикаат сензација на модната писта.”

,,Немам одредена тема за секоја сезона, настојувам да дизајнирам убава облека во текот на цела година.”

,,Не знам да креирам обична облека.”

,,Секоја сезона сум инспириран од жените.”

,,Одлична работа кај модата е тоа што секогаш гледа напред.’’

,,Не сум заинтересиран за шокантни тактики. Само сакам да создавам прекрасна облека.’’

006
,,Ја сакам светлината, боите, сјајот. Ги сакам нештата полни со боја и блесок.’’

,,Градинарството е она што ме релаксира. Тоа е уште една форма на создавање и играње со боите.”

,,Единствената реалност во животот е дека се раѓате и умирате. Секогаш мислиме дека ќе живееме вечно, одбивајќи да ја прифатиме нашата смртност. Едно нешто на што се учите кога имате ваков тип на предупредување (ракот), е тоа како да го цените секој ден од животот.’’

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Стапици за око“ во Истанбул
Следна објаваКој пукаше на 21ви?
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ