Sinister Days е креативен предизвик кој што ви го поставуваме заедно со Ерина Богоева.

,,На крајот од октомври минатата година, во рамките на фото проектот „365“ кратко се позанимавав со хорор фотографија. Оттогаш не ме напушташе идејата да организирам нешто целосно посветено на мрачните уметнички теми. Па, драги пријатели, овој октомври ви го најавувам доаѓањето на Sinister Days.’’

Станува збор за натпревар наменет за сите љубители на хорор уметноста и сите креативци. Натпреварот ќе трае три недели – од 13 до 31 Октомври – во текот на кои, на sinister@revoshot.com ќе можете да испратите неограничен број морничави уметнички дела: фотографии, цртежи, видеа, кратки приказни, песни. Сите пристигнати дела ќе бидат објавени на фејсбук страната на Revoshot. По истекот на крајниот рок за учество, жири комисија ќе награди три од пристигнатите трудови.

Жирито е составено од:

  • Кристина Манчева (графички дизајнер и сопственик на Design and Berries)
  • Ерина Богоева (дипломиран студент по книжевност и фотограф)
  • Велиан Јагев (фотограф)
  • Димитар Атанасов (фотограф)
  • Јане Наумоски (фотограф и UI дизајнер).

Наградените ќе добијат маици со логото на натпреварот; покрај тоа, првонаградениот ќе добие и уникатен привезок од Design and Berries, второнаградениот книга со хорор приказни и третонаградениот постер од култниот хорор филм “The Shining”.

Со нетрпение ги очекуваме сите ваши дела. Раскажете ни што сè нè демне од темнината.
И за крај и Ваша инспирација, погледнете ги фотографиите од фото проектот “365“.

day304

day303

day302

day301

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМоден тренд | Сива боја
Следна објаваСреќен и колоритен дом
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР