00„Што поголема е љубовта, толку поголема е трагедијата кога истата ќе заврши…Овие два елементи, секогаш одат заедно.“

Од најпродаваниот автор на денешницата според NY Times, Николас Спаркс, доаѓа оваа нежна приказна за надежта и радоста, за жртвата и простувањето – еден динамичен потсетник дека љубовта е можна и остварлива во секој момент од животот, секое време, секоја доба и дека најчесто се појавува кога најмалку се очекува. Спаркс маестрално го прикажува заљубувањето како составен дел од животот во раните 50-ти на човека, притоа одделувајќи го како стереотипна појава врзана исклучиво за младите.

Адриен Вилис на свои 45 години е принудена да ја преиспита целта на нејзиниот живот откако сопругот ја напушта. Таа е скршена од неодамнешната смрт на нејзинот зет поради неговата страшна болест која остави непоправлива емоционална штета на нејзината ќерка единица и двете внучиња. Во потрага по мир, таа заминува во Северна Каролина, во мини-хотелот на својата пријателка сместен во крајбрежниот град Родант. Но, кога голема бура му се заканува на мини-рајот на плажата, совршениот одмор за рехабилитација на Адриен се урива, барем се додека не пристигне Пол Фланер, гостин кој зад себе ја оставил сопствената медицинска пракса и доаѓа во Родант за да се засолне од неговото разнишано минато. Сега, со заканата од бура и подоцната реализација на истата во ноќта, две емоционално ранети личности ќе се поистоветат во својата несреќа барајќи удобност и разбирање кои за времетраење физички, само од еден викенд, ќе се пронајдат во новородена романса која ќе континуира со надеж за цел живот. Адриен се чувствува слободна да ги сподели нејзините маки со човекот кој едвај го познава, човекот кој ја третира како највредно нешто на планетава, за само неколку денови – нешто што не му успеа на нејзиниот сопруг со години. Но, тука е и одговорноста на Пол да ги разреши запоставените односи со синот, при што викендот завршува и обајцата мора да се вратат на нивните тековни животи.

„Млади или стари, машки или женски – таа знаеше дека сите ги сакаат истите работи. Да почувствуваат мир во срцата, живот без метеж; тие сакаа да бидат среќни.“ 

Крајот на викендот не повлекува и крај на ветувањата. Новите чувства кои се вдомија во срцата на две средовечни индивидуи се поставуваат како столб кој ги осветлува со надеж и внимание, со заедничка иднина која е планирана да продолжи долго после прекрасно проживеаните ноќи во Родант. Но, императивно прашање е…до кога? Мајстојот на ефективни животни драми Ви го гарантира емотивното уживање и во оваа книга.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПролетна идила во домот
Следна објаваТоп 10 машки парфеми за пролет
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ