Официјалниот датум за пристигнување на есента иако се случи минатиот месец, сепак не беше пречекан со раширени раце од причина што и летниот период беше турбулентно прекинат од неколку есенски предиспозиции и несакани гости. Дожд, ветер, магла. Типични за октомвриското расположение, кое е само унапредено доколку деновите се зачинети со сонце. Ако и Вие се вбројувате во љубителите на мантил, кожена јакна, чизми и марами; како и многу други неопходни детали за есенскиот изглед – тогаш, внимателно проследете го следниов моден совет.

Без да должиме од аспект што е модерно да носите овие октомвриски денови, ние помисливме дека не сакате да ги спакувате фустанчињата, шорцевите и здолништата до напролет. Решението коешто ќе Ви помогне уште да ја пролонгирате раната и шармантна есен се чорапите. И не било кои чорапи, туку оние со висина над коленото. Модните сајтови, блогови и предлози шармираат со романтичен изглед на чорапи над коленото, комбинирани со меки џемпери, женствени кроеви и шалови. Боите сепак остануваат во духот на сезоната, додека во однос на материјалот… важно е да Ве стопли за време на Вашите прошетки или кафе-дружењето со пријателите!

1

2

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПапата Јована – Дона Вулфок Крос
Следна објава3 едноставни пилинзи за кожа
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ