.1.

„Зошто жената е подобра… иако таа беше создадена втора, од телото на Адам, тој сепак беше создаден од заедничка глина. Жената треба да биде пред мажот, затоа што Ева е создадена во рајот, а Адам некаде надвор. И што се однесува до волјата, жената треба да се смета супериорна во однос на мажот. Ева го пробала јаболкото, од љубов кон знаењето и учењето; но, Адам пробал само затоа што таа го замолила.“

Мноштво дилеми и очигледни недоречености, во услови на модерно прифаќање на родовите теории. Но, како и да е – несомнено, „Папата Јована“ претставува бестселер кој дефинитивно се диференцира од останатите во истата категорија – приказна која ги следи револуционерните линии на една замаскирана судбина; е истата таа приказна која визуелизира средовековен сплет на околности проткаени со негирање, одрекување, понижување.

„Внимавај на моите зборови, ќерко, ако некогаш сакаш да бидеш среќна. Никогаш немој да му се предадеш на еден маж.“

Приказна, која во својот зенит го перцепира интелектуалното воздигнување на една млада жена, феномен од жена – доволно храбра да го соочи светот со женскиот потиснат потенцијал, на сметка на својата будна женственост, по цена на искрената љубов. На крајот од својата прва деценија, Јована поставува прашален парадокс за интелектуалноста на половите – тоа говори доста за нејзините животни познавања, согласно умот кој го поседува кој е далеку над нејзините врсници и времето во кое самата потиснато егзистира. Вљубеноста во книгите и читањето и покрај негодувањата и санкцинирањата од средината и нејзиниот татко не ја спречуваат да работи на себе, на својата интелектуалност, на своето воздигнување. Со градативен тек на титулите, благодарение на замена на идентитетот и волја да се оди напред, Јована успева да седне на Светата столица и да ги оствари сите свои несебични планови за подобрување на квалитетот на живот на сите приврзаници на Ватикан.

„Таа откри дека нејзината љубов кон знаењето не беше неприродна или грешна, туку беше директна последица на од Бога дадената, способност за разум.“

Присуството на гордоста, амбицијата и енормната желба за докажување и рамноправност се најконцизно отелотворени во форма на писмено созревање, речиси нетипично за младите дами врзани во раниот среден век истовремено симболизирајќи врвна градација на сопственото јас, без притоа да се врши фаворизирање по било каква селективна основа.

„Никогаш не се откажувај од своите уверувања, без разлика колкава е цената…“

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПремиера на „ЖДРЕЛО“ во Драмски Театар
Следна објаваЕсенски тренд | Чорапи над коленото
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР