Донираме заедно за жените жртви на трговија со луѓe

По иницијатива на Bella, а во склоп на настаните и активностите поврзани со одбележувањето на вториот роденден на Skopje City Mall, ќе биде организирана едномесечна хуманитарна акција наменета за жените жртви на трговија со луѓе.

Во рамките на акцијата, Bella ги поканува своите клиенти да бидат хумани и да донираат облека, а за возврат ќе добијат 10% попуст на парчињата од новата колекција на Bella. Акцијата ќе се одвива во периодот од 3.10.2014 г. до 3.11.2014 г., во трите продавници на Bella во Скопје:

Градски трговски центар – прв кат

Skopje City Mall – прв кат

Буњаковец – прв кат

Со почетокот на новата сезона, сите ние сакаме некое ново парче облека кое ќе ни го разубави гардероберот, и многумина ќе го добијат токму тоа, но за жал постојат и жени за кои новата сезона не значи и подновување. Жените жртви на трговија со луѓе се припаднички на една од најзагрозените групи во општеството, на кои секаква помош и поддршка им е добредојдена. Токму поради тоа, во екот на новата сезона Bella Ве повикува на симболичен начин да дадете свој придонес за обрнување внимание на овој реален проблем кој нѐ опкружува и со тоа барем за миг да им го разубавите животот на најзагрозените.

Донираната облека ќе биде наменета за жените згрижени во Државното прифатилиште за жени и деца жртви на трговија со луѓе, во соработка со здружението на граѓани Отворена порта, кое од 2000та година се занимава со дејност поврзана со оваа проблематика.

Оваа хуманитарна акција ќе биде втора иницијатива на Bella за групна материјална помош наменета за жртвите на трговија со луѓе и остварена во соработка со Отворена порта, а првата се одржа на Денот на жената, 8 Март.

Ако сакате да измамите барем една насмевка на лицето на некого на кого не му останало речиси ништо во животот покажете ја Вашата хуманост. Сознанието дека сѐ уште има луѓе на светот кои се грижат ќе им значи неизмерно многу на овие жени.

Затоа Bella повторно Ве повикува да бидеме хумани и да донираме заедно!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајголемиот моден настан досега и “rooftop” забава со Кирил Џајковски
Следна објаваМини стан со тераса
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР