Работилница за дизајн на комуникација – социјални мрежи

BAT_1442

Во рамките на Неделата на дизајнот се одржа втор дел од работилницата – Дизајн на комуникација. Оваа година таа е посветена на најголемата револуција во комуницирањето – вмрежена комуникација преку социјалните медиуми. Фејсбук, Твитер, Инстаграм стануваат сè повлијателни меѓу медиумите. “Пријателите” со кои сме вмрежени стануваат наши гледачи и читатели, а ним сме им публика за нивните вести и интереси.

После 5 години интензивно користење на Фејсбук и Твитер, се испрофилираа луѓе коишто се “следени” повеќе од другите. Тоа е поради тоа што го користат овој медиум како канал за информирање, образување, споделба на ставови, интелигентен хумор. Оваа работилница насловена во жаргон “Остани бараба – те чекам на тараба”, има за цел да ја слави демократијата, да ја слави слободата што го овозможува овој канал.

_NAK3959 copy

BAT_1402

  •  Бетмен велит, “ништо не правам со цел да добијам лајкови, само сум ЈАС”, сепак е сопственик на еден од најследените профили, и станувајќи фаворит на корисниците на социјалните мрежи стана доволно битен фактор за да биде ангажиран како колумнист на off.net.mk и telegfraf.mk Не сум Бетмен бидејќи мислам дека сум суперхерој, ниту дека Фејсбук е Готам сити во кој се борам против Џокер. ЗдравоБоби беше македонскиот највирален “штос” на нашите мрежи, нешто за што сонуваат сите македоснки рекламни агенции и повторно како што вели Бетмен “онака”.
  • Дарко Лешоски, Фејсбук поет, кој својата сирова поезија ја следат повеќе од 15.000  Фејсбук корисници ја отпечати првата книга со поезија со рекордна брза распродажба, благодарение токму на поддршката што ја доби на социјалните мрежи. Дарко вели: “никогаш не м беше цел: книга. Мојата потреба е да ѝ кажам на тастатурата сè што не можам во живо. Да ѝ го кажам онака како што го чувствувам вистиснки, без задршка и кочници. Корисниците на Фејсбук ја препознаваат искреноста, бидејќи ја имале истата болка и чувства”.
  • Офелија Димковска, своевиден борец за правдата и вистината, не се труди да флертува со публиката, на сметка на суровата вистина, открива една женственост и интимна осетливост на својот профил. Доживуваме една поинаква Офелија: челична дама со деликатни слоеви емоции. “Сè што ќе прочитате – сè е вистина на мојот профил. И мојот приватен живот и она што ме инспирира и она во што верувам и што е мое животно кредо. Сепак, вели Офелија вистината е, иако жална, дека колку сме поосамени – повеќе нè има на Фејсбук”
  • Љубиша Сулимановиќ, Твитер вундеркинд. Во 160 карактери ги доловува најделикатните ставови со софистицирана смисла за хумор. Сите го почитуваат, мажите симнуваат капа, жените крадешкум се надеваат дека ќе најдат партнер со слична ментална убавина.  Вели нема разлика меѓу неговиот Твитер аватар и тој самиот. За успехот на Tвитер е одреден дека: “не постои рецепт за успех, или го имашт тоа или не, сепак  да, Твитер има свои правила и свој жаргон”.
  • Ивана Тасев, новинар во Теа модерна и фотограф, направи разлика за тоа кога е повеќе читана пред или после фејсбук, вели: “Психоанализата слободно може да се занимава со анализа на Фејсбук профили. Често преку еден профил може лесно да откриеме за што човек станува збор.” Исто така таа е една од првите кои се приклучи на акцијата #наточак која што прерасна во активност со традиција. Ивана даде осврт за тоа што значи за ваквите акции кои се од посебен интерес за општеството и хуманоста, кои сега многу полесно се менаџираат токму преку овие мрежи. Сепак предупреди: “немојте наивно да го користите Фејсбук. Не се чекирајте кога сте надвор од дома. Тоа дава информации. Родители! Не ставајте фотографии од вашите деца, педофилијата цвета повеќе од било кога, токму пради достапноста на ваквите добронамерни слики”.
  • Виктор Дано, истражувач на интерент културата во принцип, сопственик на порталот за технологија www.it.com.mk подвлече: “имаме одговорност, а пред сè – талентираните луѓе да споделат попредизвикувачка содржина. Суштина, а не папазјанија или на интернет речник “тролање”. Интернет културата е посложена од тоа што ни изгледа и треба истата да се практикува за да се разбере”.
  • Саша Павловиќ, можеби музички наједуцираниот Фејсбук корисник, кој преку своите статуси на сатиричен начин успева да ги долови своите ставови, кои иако често говорат за негативни појави или нешто што го иритира, неговите пријатели ги дочекуваат со насмевка и со лајк поради тонот на комуникација кој е паметен и истовремено комичен.

_NAK3998 copy

DSC_0878

“Социјалните мрежи на крајот сепак повеќе ни донесоа, отколку што им дадовме. Самата тараба е симбол на мрежа. Ако си во неа, си дел од големото друштво, од кое може да са научи, со кое може да се насмееш, да се провериш. Испраќаме едно нецензурирано “благодарам” на сите инспиративни луѓе кои на сопствен начин пренесуваат пораки преку Фејсбук или Твитер.“, заклучи Наташа Дукоска, од ПР Агенцијата Навигаторс, кои впрочем и ја организираа оваа работилница без цензура.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНа Одри со љубов | Новата книга на Givenchy
Следна објаваМоден тренд | Вино боја
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР