0

Најновото од 20 дизајнери и модни куќи, гости од странство и едукативни проекти се само дел од десеттото јубилејно издание на Моден викенд Скопје, кое ќе се оддржува од 23 до 27 октомври.

Настанот ќе го отворат дизајнерот Јован Петровски со луксузните брендови SQUIRE и Blackout, и Јована Филиповиќ со најновата колекција пролет-лето 2015 во мултимедијалниот центар “Мала Станица” во Скопје, додека втората вечер е резервирана за “Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska” во ноќниот клуб “Станица 26” со колекцијата пролет-лето 2015 година.

Викендот 25 и 26 октомври ќе продолжи во салонот Ауди-Порше Македонија. Во тој амбиент ќе ги видиме: LIDIYA GEORGIEVA, Оливера Штакоска, Ирина Тошева поддржана од My:time, Никола Петровски, Le Brand, Стефанија Насеска и Олгица Ѓоргиева поддржана од Oxette. Премиерно ќе се претстават модната куќа HERA, Инес Шабан, “JZJ by ZLatko Jovanovski” и “Kufer by Andriana Dineva”. За најмладите тука ќе бидат моделите од модната продавница Софиленд со американски детски брендови. На дневната ревија на “Софиленд” ќе гостуваат децата со даунов синдром од здружението “Трисомија 21” од Скопје, со цел нивна подобра интеграција во социјалниот живот.

1

И за ова есенско издание предвиден е едукативен дел. Во организација на Моден викенд Скопје и Британскиот Совет во Македонија, Ребека Рој, модна уредничка и една од водечките британски стилистки ќе одржи работилница за модни блогери и фотографи наречена “Модно блогирање”. Со поддршка од Министерство за култура, предавање ќе одржат Роберт Кавел Кларк со онлајн платформата за дизајнери Not Just A Label, Кендал Робинс програмски менаџер за мода во Британски Совет Лондон и тимот на модниот онлајн магазин Stylist.mk.

Моден викенд Скопје започна интернационална соработка, па така по гостувањето на Росица Мршиќ на модната недела во Нови Сад во април годинава, по принцип на размена, од Србија гостува дизајнерката Марина Миќановиќ која ќе презентира колекција во Ауди-Порше Македонија, а Ирина Тошева заминува на претстојното издание во Нови Сад.

По претставувањето на “Mcouture by Mila Kadriu” на Prishtina fashion Night во април годинава, на десеттото издание на модниот викенд ќе гостува Флутура Дедиња од Приштина, препознатлива по својот специфичен дизајн.

Во соработка со Belgrade Fashion Week во рамките на проектот “Зона 45”, десеттото издание на Моден викенд Скопје ќе го затвори ексклузивната ревија на српската дизајнерка Ивана Пиља која соработува со светски познати имиња како Лили Ален, Дита Вон Тис и други. Шоуто на Пиља ќе се случи на 27 октомври во Телеком иновацискиот центар во Скопје. На претстојниот Belgrade Fashion Week публиката ќе ја види колекцијата на LIDIYA GEORGIEVA.

2Најновото од Росица Мршиќ ќе го видиме во продолжение на Моден викенд Скопје, на 31 октомври, а начинот на презентација дизајнерката го остава како изненадување до самиот крај. “Mcouture by Mila Kadriu” во организација на Моден викенд Скопје ги изненади љубителите со нејзините креации со ексклузивна ревија кон крајот на ноември.

Веднаш по ревиите, продажбата на колекциите продолжува и оваа сезона, но овој пат најбрзо и наједноставно со картичките на Halkbank во Lotus Design Store.

Тимот кој ќе се погрижи за реализација на десеттото издание: Официјален партнер за шминка – Авон Македонија, фризура – Lakme во соработка со фризерското студио Бубе Студио Ин, официјален парфем – Guerlain, партнер за убавина – Космо, фото – Ани&Дими, официјална модна агенција – Подиум.

Divianarts.com е член на групата на официјалните медиумски покровители на Skopje Fashion Weekend 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПромоција на „Нашето последно кафе“ | Коста Петров
Следна објаваНова линија аксесоари на Choupette Lagerfeld
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ