naslovna

Има многу работи на кои треба да мислиме кога се подготвуваме за интервју за работа. Освен нашата биографија и другите потребни документи, важно е и како ќе се претставиме себеси. Изгледот кога се запознаваме со потенцијалните работодавци е она што прво се забележува. Важно е да оставиме добар впечаток преку професионален и суптилен изглед, а понатаму доаѓаат карактерот и особините кои треба да ги привлечат вработените во компанијата каде што одиме.

Во неколку чекори ви претставувме како да се нашминкате за на интервју за работа и да го постигнете она за кое сте дошле. Со ваков природен и нежен изглед сигурно нема да погрешите.

Потребно е:

Пудра

Бронзена сјајна сенка

Светлорозово руменило

Розов кармин

1

1. Пудрата во нијанса блиска до вашиот тен нанесете ја рамномерно на целото лице.

2. Со четкичка нанесете маслинесто-бронзена сјајна сенка на очните капаци.

3. Руменилото со голема четка нанесете го во насока од средината на јаболчниците кон слепоочниците.

4. Карминот нека биде суптилен, во некоја розова нијанса. Можете да ставите моливче, па потоа да продолжите со кармин.

Не заборавајте на крај да ставите маскара за да го комплетирате изгледот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Селфи во Прага
Следна објаваПоршето на еден Холанѓанец
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР