На француската музичка сцена ги нарекуваат “the next big thing”- име за кое допрва ќе се зборува, а има и зошто. Дуото Ibeyi го сочинуваат 19-годишните близначки Lisa-Kaindè и Naomi Diaz. Талентот го наследиле од нивниот татко, Díaza Angá, музичар на ударни инструменти од Куба кој своевремено соработувал со големите Buena Vista Social Club, Ibrahim Ferrer и Rubèn González. По неговата смрт, овие две девојки одлучиле да го научат ударниот инструмент кахон и да почнат своја музичка кариера.

1

Годинава го издадоа првиот албум во кој се чувствува влијанието на традиционалната кубанска музика. Некои критичари ја објаснуваат нивната музика како комбинација од Nina Simone и регетон ритам. Интересно е да се спомене дека сестрите од Ibeyi, освен на англиски, пеат и на јазикот Јоруба кој потекнува од западна Африка, а на Куба дошол во 17-от век, преку робовите кои допатувале таму. Името Ibeyi на јазикот Јоруба значи близначки.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКафе-музеј | Stedelijk Museum Schiedam
Следна објава„Негативна“ енергија на природата | Mike Olbinski
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР